Зголемување на цените кои ги плаќаат студентите при упис на УКИМ, листи за прием на студентите во студентски домови, условувања од страна на професорите да купат нивни книги за да добијат потпис за редовност, можност за полагање на испит, поени, ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат студентите на почетокот нановата академска година.
Следејќи ја темата, ЦивилМедиа го постави прашањето на својата Фејсбук страница како текстуална објава и кратко видео:
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Со кои проблеми се соочуваат студентите на почетокот на академската година
Во пораките и коментарите кои ги упатија нашите читатели нема унифицирани одговори, некои сметаат во подготвеноста на студентите, некои во подготвеноста на професорите, додека некои граќани реагираат на високите трошоци за уписнина.
Ви пренесуваме дел од коментарите:
• Со незнаење од средно школо…
• Прашање е професорите колку знаат да им пренесат