• Latest

Судење „Плацови на Водно”: Сослушани Софија Куновска, Дејан Митревски – Урко, Ивона Талевска, сведокот Боркица Груевска не можеше да присуствува

February 23, 2022

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025

САД го суспендираат планираниот стратешки дијалог со Косово поради активностите на привремената влада

September 12, 2025

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025

Амет: Ромите не се проблемот на Скопје, туку дел од решението и промените што треба заедно да ги донесеме

September 12, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судење „Плацови на Водно”: Сослушани Софија Куновска, Дејан Митревски – Урко, Ивона Талевска, сведокот Боркица Груевска не можеше да присуствува

February 23, 2022 15:54
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за случајот „Плацови на Водно”, пренесува МИА.

Прва беше сослушана актерката Софија Куновска, која рече дека во 2012 година била член на Совет на Град Скопје од советничката група на СДСМ, каде иако гласале против предложениот ГУП на Градот Скопје тие биле надгласани и тој бил донесен.

Сведокот Дејан Митревски – Урко, кој од 2000 до 2014 година работел како шеф на обезбедувањето на премиерот Никола Груевски, на прашање од адвокатот по службена должност на Груевски, дали некогаш чул Груевски да барал од некого урбанизирање на локацијата „Шербетница” на Водно, тој рече дека такво нешто немал слушнато, ниту пак чул дека некогаш сакал да купи место на таа локација.

Прашан дали присуствувал на средба меѓу Никола Груевски и Јордан Камчев, сведокот рече класична средба немало, туку само случајно ако се сретнеле на улица или настан.

На прашање од Судот, дали се грижел за обезбедување на неговиот дом и која е адресата, сведокот рече дека тоа било на улица „Бихаќка“ трети кат, стан 15.

– Не можам точно да се сетам кога последен пат сум се сретнал со него, ама мислам 2015 или 2016 година. Откако му заврши мандатот не му бев обезбедување, изјави Митревски.

Според Митревски, Груевски имал нормален однос и со Мијалков, со кого рече дека се гледал не често, додека бил премиер.

Трета сведочеше новинарката Ивона Талевска, која од 2011 до 2016 година работела во телевизија „Сител”, рече дека од брифинзите и состаноците во Владата во 2013 година заклучила дека односот со Никола Груевски и Владата биле исклучително лоши.

На прашање од Камчев, дали од тоа може да заклучи дека воопшто немало никаква бизнис релација меѓу него и Груевски додека тој бил премиер, Талевски рече дека, тој тоа јавно го потврдил на прес-конференција во 2013 година, кога рекол дека ниту имал, ниту планирал средба со бизнисменот Камчев.

На прашање од Судот, какви биле односите на Груевски со Мијалков, Талевска рече дека нејзин личен заклучок е дека тие не биле во најдобри односи.

Последен беше сослушан сведокот Оливер Димитровски, основач и сопственик на фирмата за корпоративни недвижности „Њу веј лимитед“, кој рече дека од Орце Камчев добил две локации од кои една на Водно, а една кај Филип 2, додека барал повеќе локации да понуди за можна странска инвестиција за отворање старечки домови, но дека тоа не се остварило.

На прашање од Орце Камчев, дали земјиштето на Водно во периодот 2016 – 2018 година било наменето да се продаде на странска фирма за изградба на старечки домови, сведокот рече да, но дека за жал тоа не се реализирало.

На денешното рочиште, поради приватни причини, не присуствуваше сведокот Боркица Груевска, која ќе биде сослушана на следното рочиште, закажано на 28 февруари.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова.

Според обвинението за овој случај, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“. Неговиот кум, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ