• Latest

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 23 март, денеска беше испрашуван сопственикот на „Дурмо Турс“

March 15, 2021
Протести во Иран  против вклучувањето на САД во конфликтот. Фото: Скриншот од видео на CNN

Додека Трамп тврди дека САД уништиле ирански нуклеарни објекти, светот чека одговор од врховниот лидер Хамнеи

June 23, 2025
Пожарникарите гаснат запалени остатоци по рускиот напад со ракети и беспилотни летала врз Киев на 23 јуни 2025 година, во кој загинаа најмалку пет лица, а 13 други беа повредени. Фото: Државна служба за вонредни состојби на Украина

Во рускиот масовен напад со ракети и дронови врз Кијив убиени најмалку 7 лица, а 19 се повредени

June 23, 2025
Централен одбор на ДОМ. Фото: dom.org.mk

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

June 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на Oneindia News

САД ја повикуваат Кина да го одврати Иран од затворањето на Ормутскиот теснец

June 22, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Мерц и Стармер го повикаа Иран веднаш да започне преговори со САД и Израел

June 22, 2025

Гроси свика за утре итен состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија

June 22, 2025

Лојалност – награда – глупост

June 22, 2025
Фото: Скриншот

Евакуацијата на странски државјани преку аеродромот во Тел Авив засега е невозможна, соопшти Македонската амбасада

June 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Моќта на американските Б-2 бомбардери во нападите врз нуклеарните цели во Иран

June 22, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

вЛажните сновиденија на Александар Николоски

June 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 23 март, денеска беше испрашуван сопственикот на „Дурмо Турс“

March 15, 2021 16:23
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со директно испрашување на сопственикот на „Дурмо Турс“, кој е првообвинет во предметот „Ласкарци“ од страна на одбраната, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за автобуската несреќа што се случи на 13 февруари 2019 година во атарот на скопското село Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а над 30 беа тешко повредени.

Пред да одговори на прашањата, упатени од неговиот бранител, Вељо Кадиев, првообвинетиот Дурмиш Белули, изрази сочувство за семејствата на загинатите и тешко повредените од сообраќајната незгода.

– Верувајте дека од тој ден јас сум многу потресен, душевно скршен, јас сум трауматизиран, не само јас, туку и целото мое семејство и моите најблиски. Тука загинаа моите гостиварчани, кои јас ги сметав како мои браќа, како мои сестри и како мои деца, изјави Дурмиш Белули.

Прашан колку време го познава и од кога е вработен во „Дурмо турс“ возачот  Маноил Трифуновски, кој е шесто обвинет во овој случај, Белули одговори дека Трифуновски е дојден пред 10-тина години.

– Истиот и тогаш и сега се сметаше меѓу најдобрите возачи со големо искуство, но, за денот на несреќата, дали имал некои семејни проблеми, или здравствени проблеми, тоа не ми било познато, но, по 13 февруари 2019 година, дознавме дека истиот Маноил Трифуновски боледува од шеќерна болест и прима инсулин, тоа при телефонски разговор ми го потврди истиот Маноил, кажа првообвинетиот.

Прашан каде бил за време на случувањето на несреќата, Белули кажа дека тој ден со двајца пријатели од Гостивар, околу 13 часот, биле во Скопје, се задржале до 16 часот и потоа со негова кола се вратиле за Гостивар.

– По пат, односно помеѓу Тетово и Гостивар, на место викано Жеровјане, ми се јави возачот Џемал, кој плачеше на телефон и ми рече, цитирам: „Директоре направи сѐ што можеш, бидејќи колегата Маноил се превртел со автобус, има многу повредени па дури и жртви“, јас, нормално зачуден многу, успеав да го прашам само тоа „каде сте?“, истиот ми одговори дека е во Карпалак, веднаш со моите двајца пријатели, го свртев возилото и тргнав кон Скопје, односно кај местото на настанот, кажа првообвинетиот.

Тој потенцираше дека, второобвинетиот Ремзи Мифтари, два – три дена по сообраќајната незгода му обезбедил телефон преку сестрата на Маноил, при што успеал да разговара со Маноил Трифуновски.

– Во тој телефонски разговор помеѓу мене и лицето Маноил Трифуновски, исклучиво разговаравме во врска со сообраќајната незгода. Првично го прашав, како е со здравјето, истиот ми одговори дека е добар, но има болки. Го прашав и барав од него да го посетам, но, тој ми рече, не, затоа што го чуваат полицајци и е на некаков вид домашен притвор, кажа првообвинетиот.

Дополни дека го прашал Маноил Трифуновски што се случило, на што, како што кажа тој, Трифуновски му одговорил „Ништо не се сеќавам, тука рекол Господ да пукне земјата, загинаа толку луѓе, наши гостиварчани“.

По последната пауза рочиштето беше прекинато поради поднесок од Адвокатското друштво на „Бранко Кузмановски и партнери“, односно известување по повод решението на судот за отстранување од денешното рочиште на полномошникот Наташа Стефановска, стручен соработник во друштвото, поради претпазливост од евентуално ширење на вирусот Ковид – 19, при што оттаму известија дека бранителот на шесто обвинетиот, адвокатот Љупчо Мицевски на 9 март 2021 година, на судско рочиште одржано во Основниот граѓански суд Скопје бил во контакт со адвокатот Тања Ивановска, од горенаведеното друштво, за која што е издадено решение за самоизолација.

Обвинетите Дурмиш Белули, сопственикот на „Дурмо турс”, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот Маноил Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Судењето за овој случај продолжува на 23 март 2021 година. Случајот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски. 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Централен одбор на ДОМ. Фото: dom.org.mk

    ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ