• Latest

Судењето за „Титаник 2“ продолжува на 27 август

July 6, 2018

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Судењето за „Титаник 2“ продолжува на 27 август

July 6, 2018 13:13
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со сослушување на сведоците Борис Кондарко, Виолета Дума, Субхи Јакупи и Васил Крстев, судењето по предметот на СЈО „Титаник 2“ ќе продолжи на 27 август.

На денешното рочиште беа пуштени два аудио разговора од т.н. „бомби“ во кои се слуша како поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков разговара со претседателот на ДПА Мендух Тачи и кажува дека потребно е членот на ДПА да гласа на приговорот во ДИК за избирачкото место 1727 во Струмица.

На втората снимка се слуша како Мендух Тачи му се јавува на членот на ДИК Бедредин Ибраими и му кажува да гласа за приговорот за Струмица, бидејќи така е договорено, односно ВМРО-ДПМНЕ да гласа во Чаир.

Во продолжение беше пуштена и ДВД снимка од седница на ДИК во која членовите расправаат по приговорот на член на Општинска изборна единица во Струмица каде што на снимката се слуша дека поранешниот претседател на ДИК, Борис Кондарко вели дека нема основ за поништување на гласањето на спорното избирачко место, додека, пак, членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ му посочуваат дека тоа мора да се поништи, а на крајот се слуша гласањето во кое со четири гласа „за“ и три „против“ гласањето на избирачкото место 1727 е поништено.

Обвинетиот Мендух Тачи побара транскрипт со превод на целата сеница на ДИК со што судијата Огнен Ставрев рече дека ќе проба да обезбеди, бидејќи на снимката се слушаат повеќе разговори одеднаш.

На претходното рочиште во воведните зборови обвинетите се изјаснија дека не се виновни и дека ќе докажат дека истите избори за кои е покренато обвинението, не се повторени и не е направена материјална штета колку што ја прикажало СЈО. Обвинетите сметаа дека Специјалното обвинителство со невистинити докази успева да направи правна конструкција, а поранешните членовите на ДИК посочија дека кревањето рака е глас и дека тоа не е одлука.

Во овој предмет на СЈО обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. (МИА)

Tags: „Титаник 2“27 августпродолжувањесудење
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ