Вечерва, истекува законскиот рок за изјаснување на Основниот суд за предложените мерки од Специјалното јавно обвинителство во врска со предметите „Титаник“, „Таргет„ и „Трезор“, во кои се бара притвор и за Никола Груевски и Сашо Мијалков. Досега, судот ги одби барањата на СЈО за притвор на поренешните министри Елизабета Канческа-Милевска и Владимир Пешевски и за градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски,
Основниот суд Скопје 1 вчера соопшти дека постапил по вкупно пет предмети на СЈО. Одлучил да одреди мерки за претпазливост за речиси сите осомничени во петте предмети, „Титаник“, „Тотал“, „Тортура“, „Тифани“ и „Тревник“. Одбиени се како неосновани мерките за притвор за предметот „Тотал“. На обвинетиот новинар и уредник на Сител, Драган Павловиќ Латас му е одредена мерка за претпазливост, односно одземен му е пасошот. Тој има обврска, секој работен понеделник во месецот да се јавува во Основниот суд. Судот постапил речиси идентично за предметот „Тифани“. И на обвинетата новинарка Ивона Талевска и е изречена мерка за претпазливост, одземен и е пасошот и таа секој работен понеделник во месецот има обврска да се јавува во судот.
И обвинетите во предметот „Тортура“, со судска одлука, имаат обврска секој работен петок во месецот да се јавуваат во Основниот суд. Против овие судски решенија, сите обвинети имаат право на жалба во рок од три дена.