• Latest

Судот за човекови права во Стразбур одби да и наложи на државата да го пушти Камчев во домашен притвор

November 30, 2021
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Речиси 12 милиони Американци ќе го изгубат здравственото осигурување според буџетскиот закон на Трамп

June 30, 2025
Џабир Дерала, интервју за РАЦИН.МК (фото: РАЦИН.МК)

(ВИДЕО) Дерала за РАЦИН.МК: Состојбата на човековите права и слободи во земјата се влошува

June 30, 2025
Фото: Скринчот од видео на Face the Nation

( ВИДЕО) Гроси: Американските напади врз Иран не предизвикаа целосна штета на нуклеарнате програма, Техеран би можел да започне со збогатување на ураниум за „неколку месеци“

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
DD India

Словачкиот министер за надворешни работи предлага „можеби“ да ѝ се прости на Русија и повикува на дијалог за завршување на војната во Украина

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Baku TV

Азербејџан ги откажува сите настани организирани заедно со Русија поради „вонсудските убиства“ на 2 азербејџански граѓани во рускиот град Екатеринбург

June 30, 2025
Фото; Скриншот од видео на ВВС

Израел нареди евакуација во северна Газа, додека Трамп се залага за прекин на огнот

June 30, 2025

Зеленски потпиша декрет за повлекување на Украина од Отавската конвенција за забрана на употреба на противпешадиски мини

June 29, 2025

Масовен руски напад врз Украина, Сибиха бара нови санкции на ЕУ и САД

June 29, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Едногодишен помен

June 29, 2025

Лариса Дир: Цела ноќ во Украина имаше воздушна тревога – рф нападна цивили со 477 дронови и 60 ракети

June 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судот за човекови права во Стразбур одби да и наложи на државата да го пушти Камчев во домашен притвор

November 30, 2021 14:55
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судот за човекови права во Стразбур го одби барањето на бизнисменот Орце Камчев  на државата да и се изрече времена мерка. Ова всушност значи дека судот одби да и наложи на државата да го пушти Камчев во домашен притвор и да му бидат извршени прегледи од кардиолог.

Адвокатите на бизнисменот Камчев  во изминатиот период постојано реагираат дека здравствената состојба на нивниот клиент е влошена, а тој, наводно, не го добива содветниот лекарски третман додека е во притвор. Тие реагираа во Европскиот суд за човекови права од каде што побараа одговори од македонската Влада.

Европскиот суд за човекови права согласно со правилото 39 од Правилата на Судот во случајот на г-дин Камчев, а поради причина на флагрантно и континуирано кршење на неговите основни човекови права, е во постапка за изрекување на времена мерка со која на македонските власти треба да им се наложи под итно да извршат медицински преглед од кардиолог и итно ослободување и сместување во домашен притвор поради неговата влошена здравствена состојба“, се наведуваше во соопштението од неговите адвокати, пренесува Фокус.

По одговорот од Владата, од европскиот суд одлучиле да го одбијат барањето.

-Барањето за времена мерка против државата е одбиено, потврди владиниот агент Даница Џонова за „Фокус“.

Одговорот на Владата се движел во насока дека на притвореникот му се пружа соодветната здравствена заштита, а тој самиот во неколку наврати одбил да оди на преглед.  Како што веќе објави „Фокус“, тој дури пет пати одбил да оди на лекар.

-Од добиените службени белешки и известувања доставени од КПУ Затвор Скопје и своерачно пишани изјави од обвинетиот во периодот од 23.06.2021 година до 02.11.2021 година обвинетиот 5 пати своеволно одбил да биде спроведен на медицински преглед во ЈЗУ УК за Кардиологија при комплекс клиники Мајка Тереза, ни одговорија од Кривичниот суд.

Оттаму појаснуваат дека по дадените одобренија за преглед од судот,  обвинетиот Камчев дал забелешка дека нема довреба во клиниката и бара да биде прегледан од лекар на кој му верува, односно дека неговите барања се однесуваат за медицински преглед во Аџибаден Систина.

-Во однос на сите барања доставени од одбраната на обвинетиот за медицински преглед или посета, по комплетирање на целокупната медицинска документација, најчесто уште истиот ден кога и било поднесено барањето, Судот давал дозвола за спровод на обвинетиот на соодветен преглед или посета, со оглед на истноста во постапувањето како и доследно почитување на правата на притвореното лице, појаснуваат од Судот.

Од Кривичниот суд за “Фокус” појаснуваат дека му било дозволено и лекари од приватна клиника да го прегледаат во затворот “Скопје”.

-Во текот на изминатиот месец по барање на одбраната, судот има дадено дозвола  медицински лица од приватна клиника да извршат преглед на обвинетиот во присуство на затворскиот лекар. Воедно во текот на овој месец од страна на Затворските служби судот е известен дека обвинетиот бил тестиран за присуство на вирусот Ковид – 19, кој бил негативен, како и известување дека обвинетиот бил вакциниран со трета доза за Ковид -19, појаснуваат од Кривичниот суд.

Од правниот тим на Камчев,  пак алармираа  дека медицински белешки потврдени од кардиолози од Македонија како и од кардиолози од Австрија и Словенија укажуваат на тоа дека тој спаѓа во групата на „пациенти со висок ризик од смрт поради кардиоваскуларни проблеми’’ и постои висок ризик со животозагрозувачки последици доколку неговата состојба не е соодветно третирана и следена.

Камчев веќе неколку месеци е во притвор како обвинет во случајот „Плацевите на Водно“, кој се наоѓа во доказна постапка.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Едногодишен помен

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ