Институтот за човекови права организира јавен настан на тема „Судскиот совет и неговата улога во правосудниот систем на РМ“ кој ќе се одржи на 18 март, четврток, на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Свечен Амфитеатар со почеток во 11 часот.
На настанот ќе се промовира мобилната апликација „Судски совет под лупа“ на која се објавуваат бриф извештаи за секоја седница на Судскиот совет и останати важни информации од следењето на нивната работа.
Во вториот дел од настанот ќе се промовира методологијата за следење во однос на транспарентноста, отчетноста и ефективноста на работата на ССРМ, резултатите од следењето на нивната работа во период од јуни до август 2018 и ќе бидат дискутирани новите измени на Законот за Судски совет и Законот за судови.
Мониторинг извештајот за работата на Судскиот совет е дел од проектот „Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет на РМ“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.
ЦМ