Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница донесе Одлука со која е продолжена постапката по едно барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
„Донесена е Одлука со која еден судија се разрешува од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено донесена е Одлука со која времено се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката“, соопштуваат од Судскиот совет.
Како што пренесуваат медиумите, се работи за судијката Софија Лаличиќ со 11 гласа „за“ и 2 „против“. Името на Лалиќ се спомнува и во една од „бомбите“ на СДСМ, во разговор со Сашо Мијалков.