„Генерално, 2018 од политички аспект ќе ја памтам по две компоненти, првата е Договорот од Преспа кој според мене беше договор кој го одрази политичкиот дијалог помеѓу две држави, кои до вчера, условно кажано, беа непријателски, што се однесува до решението за името на Република Македонија. Со овој договор се покажа дека и државите од Балканскиот Полуостров, кога сакаат и имаат политичка волја можат да дојдат до решение коешто ќе обезбеди мир и стабилност на Балканот, но, и ќе се спомнува и во следните години како пример на добронамерната политика“, вели политикологот Џенис Сулимани во разговор со ЦИВИЛ Медиа, за Перспективи 2019.
„Другата компонента која ја окарактеризира минатата година е законот за амнестија, односно законот за помилување на тие коишто беа главни виновници за случувањата на 27 април. Еден акт кој и од обвинителот се означи како терористичко организирање, меѓутоа сегашниот политички фактор, власта, во еден широк договор со опозицијата, одлучија да им простат на овие луѓе. Јас мислам дека спроти договорот од Преспа овој договор внатре политичкиот спектар во Македонија, дава едно лоша слика, нема никаква врска со универзалните вредности, бидејќи мислам дека истите кои организираа или имале улога во оштетувањето на тој ден, на 27 април, парламентот како институција но и Република Македонија како држава, не треба да се помилуваат заради истата причина дека истите утре ќе бидат спремни во случај на некое идеолошко несогласување, мислам дека би биле во состојба да го сторат истото. Мислам дека заради овие две причини треба да се гледа на двете страни од медаљата, треба да научиме од Договорот од Преспа, но треба да учиме и од грешките коишто понекогаш клановите или политичката елита, за да се спасат себеси заради лични придобивки, знаат да направат и неправеден договор“, вели Сулимани.
„Од моја гледна точка, 2019 година мислам дека ќе биде дури со повеќе предизвици од 2018 година.Бидејќи, ако сега се потпише, односно, ако одлучат да се имплементира Договорот од Преспа, потребен е напор и посветеност, вклученост, инклузивност на целиот политички спектар во Македонија. Евроатлантскиот пат се отвора со Договорот од Преспа, важно е да се спомне и отворањето на Уставот, измените кои треба да се направат, оптимист сум дека власта и овој пат треба да ја има на ум инклузивноста, вклученоста на сите етнички и верски заедници во Уставот на РМ“, истакна тој.
„Сведоци сме дека до ден денес ,токму Уставот беше главната причина за недостатокот од политичка кохезија. Сакам да истакнам дека, доколку Албанците успеат да станат државотворен народ, мислам дека Уставот најдобро би ја отсликал реалноста или политичкиот спектар на Македонија, со ова би се гарантирало во иднина да има повеќе согласност од многу страни, од многу етнички заедници, и да биде поодлучен кон евро интеграциите. Очекувам поголем граѓански активизам, кој го немаше минатата година, треба да докажеме дека сме го победиле трибализмот, дека чекориме кон патеките на демократското развивање, бидејќи знаеме дека демократските општества се карактеризираат со потенцирање на граѓанскиот активизам. Само со граѓански активизам, државните институции ќе бидат побудни и поодговорни државните. Тука мислам дека треба да правиме притисок, да бараме одговорност од институциите за нивното работење“, смета Сулимани.
„До 2018 државата повеќе беше фокусирана на надворешната политика, сегашната власт во кампањата за предвремените избори вети економска гаранција, зголемување на платите. Ова до сега не се случи, и мислам дека токму граѓанскиот активизам тука ќе се фокусира повеќе, и екстремно да бара исполнување на ова ветување, затоа што само социјална и економска стабилност, по ова, може да гарантира и мир и безбедност во другите сфери“, заклучува тој.
Текст и монтажа: Ариан Мехмети
Камера и фотографија: Дехран Муратов