Млад кочанчанец залепен со селотејп на бандера на плоштадот „Македонија“ во Скопје, како што самиот нагласи дека е симболично врзан, денеска побара од институциите да им помогнат на повредените од дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Симбол на врзани раце на еден народ, на заглавените инсттитуции, на системот што заборава побрзо отколку што гасне пожар! Кочани се уште боли, пишуваат од Супорт Кочани на Х.
-Пред некој ден дома си дојдоа деца од болница без прсти на рацете. Дајте барем на тие деца да им се помогне, порача Мартин Кироски на кого во дискотеката му загинале петмина другари.
Побара од државата да му се помогне на Кочани бидејќи, како што рече, градот мора да заживее да се отворат културни и спортски центри и да престанат младите да одат во нелегални дискотеки.
-Мора нешто да се превземе за градот да заживее, порача Колоски.
Фото: Супорт Кочани, Х