• Latest
Војо Маневски

Св. Климент подучувал или делел дипломи?

December 10, 2023
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Св. Климент подучувал или делел дипломи?

December 10, 2023 09:42
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

 ВОЈО МАНЕВСКИ   

Државниот празник Св. Климент се одбележува, се споменуваат неговите дела и се повикува неговата заштита над црквата, градот и државата. Историчарите нека елаборираат каде е роден, како течела неговата мисија и на кој јазик и писмо ги превел светите книги.

Пригодно на празникот прелистувам теми поврзани со светецот и за око ми западнаа два податока. Во универзитетот што го основал за ука се фатиле 3500 ученици. Восхитен сум од бројот ако се земе контекстот на темниот среден век. Ама нешто ми го мати есапот. Ученици и можел да најде ама каде нашол наставници за учениците? Мора да му било тешко зошто ја немал денешната несебична помош на партиските списоци.

Е, сам да се снаоѓаш со сите предизвици не било лесно. Морал прво да ги учи оние што треба да бидат учители па потоа тие да учат ученици. Значи и тој морал да  направи некоја академија за високи должности. И пак бил на мака скромниот владика. Немал, како кај нас во модерново време, помош од политичарите да го состави списокот. Кај нас се знае, отворивме академија за судии и обвинители и несебичната помош на политичарите е тука за да се помогне. Дури своите деца ги ставаат на тој список за идни судии и обвинители. Се разбира тие се пример за одговорност кон заедницата. Мора да се покаже и личната пожртвуваност за државата,

Мора да му било тешко на преосвештениот владика на Кутмичевица. Пред да започне школската година тој морал да препише книги, да подготви пергаменти, папируси, мастила, гускини пера, сеен песок за опити. А денес ние лесно излегуваме на крај со таквите ситници. Малку се спориме со тендерите ама за тоа пак учениците имаат привилегија да добијат учебници на крај од полугодие или учебна година. Ако некому му треба потврда дека сме вистински наследници на климентовата школа отидете  во основното образование од петто до седмо одделение. Учителите диктираат со смирен глас а учениците го пишуваат во тетратките тоа што им се кажува. Вистинска светиклиментовска атмосфера на препишувачка школа. Не сме ние од народите без искуство во писменоста и традицијата во образованието. Тие го наследиле Гутенберг и имаат печатени книги. Ние сме си го наследиле Св. Климент и неговата школа па и денес си препишуваме и не сме загрижени за такви помодарства како печатени учебници.

А ме мачи и уште едно прашање. Кога толку ученици ( студенти) го посетувале тој Св. Климентов универзитет, добивале ли дипломи, уверенија или барем некое пергаментче со  потпис на светецот? Секоја посебно морало да се пишува, ама имало ли дипломи и за оние што не научиле или воопшто не учеле на универзитетот на Плаошник. Тогаш тоа било ретка работа и што правеле со тие дипломи? Ги носеле ли кај црковните или државните власти па тие ги распоредувале таму каде биле потребни нивните знаења или ги закачувале врамени на камените ѕидови па чекале да се отвори работно место за нив. Е, е гледате ли колку сме во тој дел напреднати. Нема денес ништо според процедури на власт и недемократска државна волја.  Си ја земаш дипломата ја спојуваш со партиска книшка го бркаш локалниот партиски шеф и биваш вклучен ( денес и вклучена)во список. И нема да чекаш некакви процедури. Ако си подобен, оп на високо државно место.

Не им било добро ниту на учениците на Св. Климент кога ја преземале просветителската задача. Тие морале да подучуваат и учат население за кое светецот напишал дека е „ скотоподобно, неуко, диво и со непокорни срца, невосприемчиво за богопознанието. Кому му се потребни ДНК истражувања за потеклото на овие народи што денес ја трошат Македонија. Оваа реченица пред еден милениум ми изгледа описна и за тогаш и за денес. И тогаш зошто да се срамиме од разните ПИСИ и други оценувања за нашите дострели во знаењето и познавањето на разни познавања и науки. Тие се на друг колосек од нас и денес. Ние си бевме такви и пред илјада години а се потрудивме да останеме верни на своите корени.

Светот организира обуки и предавања па проверки на знаењето па дури тогаш дава потврда дека некој го посетувал тој процес и се стекнал со познавања од областите кои се предаваат и пренесуваат како искуство и знаење. Ние си делиме дипломи како доказ дека ученикот или студентот е влезен во евиденциската книга на училиштето или универзитетот. Тоа е наш идентитет а тој не се дава никому. Повеќе од милениум го градиме уште од писанијата за нас на дедо Климент.

Како и да е празникот треба да се одбележи ама и да побараме спас од заштитникот. Не да не спасува  само од другите туку пред се од самите нас. За да не останеме скотоподобни. Па честит празник …..

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Св. Климент Охридски“дипломидржавен празникпартиски списоци
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ