• Latest

Светот го спасува Охрид од нас

July 22, 2019
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Светот го спасува Охрид од нас

... кај нас кршењето на законите, неодговорноста, силеџиството, мафијаштвото, криминалот, ставањето на личнот интерес пред општествениот, станале некако нормални за многумина.

July 22, 2019 12:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИЛАН БАНОВ

Своевремено, онака понесен од „божевата хубавина“ што така штедро се распослала низ Охрид и Охридско, го парафразирав Питер Брук (тој тоа го тврди за уметноста), па напишав текст насловен со „Охрид ќе го спаси светот“. Денес, години потоа, соочен со хистеричната атака врз Езерото и градот, егзалтацијата ми фатила некоја крајпатица и заминала неврат, оставајќи само уште малку простор за надежта – ќе го спаси ли светот Охрид?

Надежта, се разбира, е ирационална како сознание, но е рационална како потреба, па така таа решението, или подобро, спасот го бара некаде однадвор, во светскиот поглед и детекција на вредното и грижата тоа да се  зачува. Зашто, да не се лажеме, тука кај нас грижата и оценките за вредноста се персонализирани и досегаат, да речеме, до една профитабилна пицерија до столетниот чинар, до елитен ноќен клуб на три метри до езерото, до низа дивоградби на атрактивни локации, до директното катарзично олеснување и ослободување од пургативните елементи(сè в езере), до реновирање на сопствената бања во Даљан или Воска (старата када „в езере“), до… нема спас од нас самите.

И кога е тоа така, светот преку  УНЕСКО уште пред две години реши да се замеша во „македонцките работи“ и испорача барање да се преземат конкретни мерки кои би го спасиле Охридскиот регион од Листата на загрозено светско наследство. Но, како што е познато, ова е земја која не трпи туѓи влијанија, држава (ако така може да се нарече) каде од изобилството апсурден материјал Бекет и Кафка би имале безброј инспирации за своите книжевни дела, па оттука, станува сосема логично што препораката на специјализираната агенција на Обединетите Нации едноставно беше забошотена, а уништувањето на регионот доживеа вистинска двогодишна ренесанса.

И сега, јасно ми е дека кај нас кршењето на законите, неодговорноста, силеџиството, мафијаштвото, криминалот, ставањето на личнот интерес пред општествениот, станале некако нормални за многумина. Јасно ми е, исто така, дека позициите на моќ и власт, огледана во синтагмата „локални шерифи“, или барем нивни заменици/советници, го овозможуваат, дури, можеби, и стимулираат сето ова, но останува непознаница зошто централната власт, нејзиното Министерство за животна средина и просторно планирање и, особено, доскорешниот ресорен министер Садула Дураку (кој, инаку, има големо искуство кога се во прашање водните ресурси) не покажале интерес за средување на катастрофалните состојби во охридско?

Одговорот, на пример, би можел да даде доста интересни детали за кооперативноста на Министерството и локалната власт, изразена преку пица мајсторот, советник и неимар на дивоградбата „Луна“, извесен Нефи Усеини; би можел да донесе сознанија за неспособност, незаинтересираност за проблемите, за негрижа и банализирање на злосторот; би можел, конечно, да укаже на отсуството на ментална екологија, која никогаш не се населила во главите на некои луѓе, што објективно ги спречува да препознаат, како што велат од Цивил, дека  заштитата на Охридското Езеро, е и заштита на човековите права и слободи, зашто секој има право да живее во здрава животна средина.

Но, како и да е, одговорот на овие прашања, барем засега, и не е најбитен. Во овој миг битно е да ги спасиме Охрид, Струга и Езерото, задолжително да послушаме и некој отстрана кој согледувајќи го грдото, се загрижил и препорачал час поскоро да го отстраниме, да не останеме глуви на добронамерниот совет на УНЕСКО оти ќе крене раце од нас и од нашата погубна свест постојано да го уништуваме вредното – ќе нè стави на Листата на загрозените.

П.С. Премиерот Зоран Заев најави дека државата ќе ги преземе ингеренциите во градежништвото во Струга и Охрид со цел да бидат исполнети препораките на УНЕСКО и така во последен момент да побегнеме од нејзиниот непријатен список. Ајде да веруваме дека тоа ќе се случи, зашто, нели споменав, надежта е потреба.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања

Share92Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ