• Latest

Светска банка планира да одвои околу 700 милиони евра за спроведување на новата стратегија за соработка со Северна Македонија

January 24, 2024

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
Фото: веб страна на НАТО

Дронови над Балтикот: Латвија и Литванија активираа воздушна одбрана, НАТО активираше борбени авиони

November 11, 2026
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Од Pac-Man до GTA 6: Најголемата креативна индустрија во светот и фондовите што ја голтаат

November 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Светска банка планира да одвои околу 700 милиони евра за спроведување на новата стратегија за соработка со Северна Македонија

January 24, 2024 10:22
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Светска банка денеска соопшти дека Бордот на извршни директори ја разгледал новата стратегија за соработка со Северна Македонија 2024-2028 во која фокусот ќе биде ставен на зајакнување на конкурентноста на земјата, развивање на човечкиот капитал и зајакнување на отпорноста на климатските промени.

– Стратегијата ја истакнува потребата за Северна Македонија да го поттикне растот во создавање на повеќе работни места во контекст кој продолжува да се потпира на микро и мали претпријатија со ограничен пристап до вештини и финансии потребни за иновации и раст на сѐ поконкуретни домашни, регионални и глобални пазари. Немањето доволно можности за динамични работни места ја поттикнува имиграцијата, ги продлабочува  демографските предизвици и го попречува подобрувањето на продуктивноста, се вели во соопштението од Светска банка.

Според директорот на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија и за Косово, Масимилиано Паолучи, за да се одржи развојот на Северна Македонија, приоритет е создавањето на привлечни работни места, особено за младите, а за тоа треба да се создадат услови за приватниот сектор да биде двигател за раст и за создавање работни места.

Стратегијата, како што се посочува во соопштението, предвидува и обновени напори за промовирање на поголема поврзаност на земјава со регионалните и глобалните пазари за да се олесни трговијата и пристапот кон Европската унија.

За спроведување на Стратегијата, Светска банка планира да обезбеди околу 700 милиони евра за финансирање во следните пет години, придружено со советодавни програми и техничка помош.

– Стратегијата потврдува дека поттикнувањето на растот и создавањето нови работни места ќе бара дополнителни реформи за подобрување на конкурентноста. Таа  ќе поддржи насочени интервенции во областите на одговорност на јавните институции и фискална одржливост за подобрување на квалитетот на испораката на јавните услуги. Стратегијата, исто така, ќе го поддржи преминот кон почисти извори на енергија, имајќи предвид дека Северна Македонија во моментов се потпира на високо загадувачки лигнит и нафта за 70 отсто од своите енергетски потреби и за проширување на климатски отпорна инфраструктура за да се ублажи влијанието на поплави, лизгање на земјиштето и шумски пожари, велат од Светска банка.

Зелената транзиција, се посочува во соопштението, ќе добие значителен поттик и од зголемената поддршка од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка.

Регионалниот директор за Западен Балкан при ИФЦ, Никола Маркие смета дека е потребно вклучување на приватниот капитал во инвестирање во обновлива енергија и енергетска ефикасност, за да се одржи траекторијата на одржлив развој на Северна Македонија.

Бордот на извршни директори на Светска банка минатата недела одобри и два нови инвестициски проекти за земјата – за подобрување на социјалните услуги во износ од 27,5 милиони евра и 31 милион евра за Проектот за надградба и развој на патиштата којшто треба да помогне во подобрување на транспортната поврзаност долж делницата од Коридор VIII, меѓу Скопје и Деве Баир.

Tags: Западен БалканСветска банкаСеверна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ