• Latest

Светска банка: Северна Македонија треба да спроведе реформи за справување со заканите поврзани со климатските промени

July 1, 2024
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Светска банка: Северна Македонија треба да спроведе реформи за справување со заканите поврзани со климатските промени

July 1, 2024 13:40
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија, како и останатите земји од Западен Балкан, се соочува со сѐ поголеми предизвици од природни опасности што влијаат на животите, го попречуваат растот и ги оптоваруваат јавните финансии. За да се подготви за овие закани поврзани со климатските промени и да продолжи со пристапувањето во Европската унија, земјата треба да преземе низа реформи, се вели во новиот извештај на Светска банка насловен „Преглед за климатски јавни финансии на Северна Македонија“.

– Според Прегледот за климатски јавни финансии на Северна Македонија подготвен од Светска банка, во изминатите 50 години, Северна Македонија забележа значителен пораст на бројот на поплави, екстремни топлотни бранови, пожари и обилни врнежи. Само во последните две децении, земјата се соочи со 12 катастрофи поврзани со климатските промени кои погодија 1,3 милиони луѓе. Со раст на глобалното затоплување, се очекува ситуацијата да се влоши во наредните години, се вели во денешното соопштение од Светска банка, пренесе МИА.

Според директорот на Канцеларијата за Светска банка за Косово и Северна Македонија, Масимилиано Паолучи, преземањето итни активности за ублажување и прилагодување на климатските промени е приоритет, но потребни се и сет на политики и значителни инвестиции.

– Се очекува климатските влијанија да се интензивираат заедно со емисиите на стакленички гасови, со што земјата ќе биде потопла и посува, и ќе се соочи со почести и посилни поројни дождови кои ќе доведат до поплави, вели Паолучи.

Извештајот ја нагласува важноста од паметните фискални политики за апсорпција на загубите поврзани со климатските промени и поддршка на одржлив економски развој.

– Даночната политика, на пример, би можела да го поттикне зелениот транспорт и одржливите технологии, со отстранување на крајните субвенции за електричната енергија на јаглен, а истовремено да ги заштити ранливите домаќинства од зголемените трошоци за енергија. Означувањето на буџетот за климатските промени и процесите на зелени набавки може да ги намалат економските трошоци и да ги заштитат јавните финансии, велат од Светска банка.

Извештајот ја нагласува потребата Северна Македонија брзо да воведе цена на емисии на јаглероден диоксид за да ги ограничи емисиите на стакленички гасови и да собере значителни приходи за државниот буџет, потенцијално до 730 милиони евра годишно.

Со оглед на тоа што Северна Македонија има за цел да се приклучи на Европската унија и да се усогласи со нејзините цели за нула емисии, извештајот ја нагласува важноста за поддршка на зелената транзиција на земјата преку мерки на фискалната политика.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ