Во американска воена операција во Сирија се верува дека е убиен лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади, пренесуваат сите светски агенции.
Неименуван американски претставник за домашните медиуми изјави дека ал-Багдади синоќа бил цел на напад на нивните сили во Идлиб и дека се очеува потврда дека тој навистина е убиен во акцијата на американските специјалци. Американскиот претседател Доналд Трамп , синоќа на Твитер напиша „ Нешто големо штотуку се случи“.
Портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидли, изјави дека Трамп во текот на денот ќе се огласи за овој настан. Ирак, од друга страна, веќе потврди дека има информација од свои извори во Сирија дека ал-Багдади е убиен, во нападот на американските специјални единици врз ќелија на групата, пренесоа британските меидуми.
ДПА јави дека ал-Багдади бил нападнат во рација во северо-западна Сирија, а ЦИА помогнала во неговото лоцирање.„Њусвик“, исто така, објави за рацијата, додавајќи дека неа Трамп ја одобрил уште пред една недела.