• Latest

Светски ден на бубрегот: Еден од десет возрасни има некој стадиум на ХББ

March 8, 2018

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Светски ден на бубрегот: Еден од десет возрасни има некој стадиум на ХББ

March 8, 2018 09:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Еден од десет возрасни има некој стадиум на хронична бубрежна болест. Повеќето луѓе немаат симптоми се додека болеста не напредне. Човекот може да изгуби и до 90 отсто од функцијата на бубрезите без да почувствува значајни симптоми. Според некои истражувања ризикот од развој на хроничната бубрежна болест може да биде поголем кај жените отколку кај мажите.

Ова го посочуваат од Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, кое денеска организира настан по повод одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот под мотото „Бубрезите и здравјето на жените“. Кампањата по повод Светскиот ден е посветена на подигање на глобалната свест за важноста на здравјето на жените, посебно здравјето на бубрезите.

Сепак во светски рамки бројот на жени на дијализа е помал од бројот на мажи. Трансплантацијата на бубрег е исто така нееднакво застапена кај двата пола главно поради социјални, културни и психолошки аспекти, па жените почесто ги донираат бубрезите, а имаат помалку шанси да ги добијат, истакнуваат од Здружението.

Според податоците во Република Македонија има околку 1.600 пациенти со краен стадиум на хронична бубрежна болест, кои се лекуваат со некој од тераписките модалитети: дијализа или транспантација на бубрег. Од нив 1.350 се пациенти на дијализа, а околу 250 лица имаат трансплантиран бубрег.

Од Здружението посочуваат дека навремената дијагноза е клучна и затоа од особена важност е да се подигне свесноста кај населението за хроничната бубрежна болест, а навремените и редовните прегледи и избегнувањето ризици може да ја спречат и забават прогресијата на ХББ, чиј краен стадиум бара неопходно лекување со дијализа или трансплантација.

Жените за разлика од мажите поради бременоста се изложени на дополнителни ризик фактори за развој на бубрежна болест, преекламсијата, септичкиот абортус и постпарталното крварење се водечки причини за развој на акутна бубрежна слабост кај млади жени. Сепак и кај жените со краен стадиум на бубрежна болест, регуларна дијализа и успешна трансплантација може да ги зголемат шансите за успешна бременост, која треба да биде планирана и следена, наведуваат од Здружението.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: „Нефрон“заболениСветскиот ден на бубрегот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ