Генералниот директор на Светска здравствена организација, Тедрос Адханом Гебреисус вети дека ќе покрене независна процена на одговорот на СЗО на пандемијата со Ковид-19 „во првиот соодветен момент“ и вети транспарентност и одговорност на Организацијата.
„Секој од нас може да извлече поука од пандемијата. Секоја земја и секоја организација мора да го преиспита својот одговор и да извлече поуки од своето искуство. СЗO е посветена на транспарентноста, одговорноста и континуираното усовршување“, посочи Гебреисус на денешниот состанок на СЗО, што се одржува преку видео врска.
Тој додаде дека ризикот од новиот коронавирус и понатаму е висок. Во текот на дводневниот состанок на СЗО се очекува министрите за здравство од целиот свет да подддржат независна проценка на глобалниот одговор на СЗО на пандемијата со новиот корона вирус.
Исто така е предвидено да се разгледа предлог резолуцијата на Европска Унија која бара независна проценка на работата на СЗО, предводена од генералниот директор Тедрос Адханом Гебереисус. Нацрт-резолуцијата е поддржана од 116 од 194 земји-членки на СЗО.
Германската канцеларка Ангела Меркел, пак, во говорот на видео-конференцијата истакна дека пандемијата со новиот корона вирус е глобална криза и апелираше за меѓународна соработка.
„Ние поминуваме низ глобална криза со кој се погодини стотци илјади луѓе, кои се заразени и се погодени од социјални и економски последици, што покажува дека од пандемијата практично ниту една земја не е поштедена“, посочи Меркел.
Меркел изрази поддршка на СЗО, нарекувајќи ја легитимна и дека нејзиното финансирање треба да биде одржливо.
И францускиот претседател Емануел Макрон даде опддршка на СЗО и побара еднаков пристап до вакцината против Ковид-19.
„Ако откриеме вакцина против Ковид-19, тоа ќе биде глобално јавно добро и сите мора да имаат пристап до неа“ изјави Макрон додавајќи дека е потребна силна СЗО за борба против новиот корона вирус.