Екстремистичката група Тахрир ел-Шам ја презеде одговорноста за соборувањето на рускиот борбен авион „Су-25“во северниот дел на Сирија.
Тахрир ел-Шам, која дејствува заедно со екстремистичкиот Ал-Нусра Фронт, тври дека авионот го соборила со рачен ракетен фрлач, но не е посочено кој е одоговорен за убиството на пилотот кој успеал да се приземји.
Екстремистичката група објави соопштение, во кое го цитира нејзиниот командат задолжена за противвоздушна одбрана, кој посочува дека ноговите борци собориле авион над градот Саракеб.
Како што претходно јави МИА, сириските бунтовници собориле руски борбен авион во северниот дел на Сирија, каде се извршуваат воздушни удари, наведе раководителот на Сириската опсерваторија за човекови права, Рами Абдел Рахман.
Авионот бил соборен во близина на градот Саракеб, што е под контрола на бунтовниците.
Руското Министерство за одбрана потврди дека екстремисти во Сирија собориле руски авион „Су-25“, како и дека пилотот, кој успеал да се преземји, бил убиен од страна на бунтовниците.
„Рускиот борбен авион „Су-25“ беше соборен на 3 февруари над зоната за деескалација во Идлиб. Пилотот се пријави дека капитулирал над областа што е под контрола на бунтовниците“, наведе Министерството.
Пилотот е убиен при судир со екстремистите.
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.