Дијана Тахири – ЦИВИЛ, на панелот Национализмот и дискриминацијата на локално ниво, што се одржа на 12 мај 2022 година, се осврна на првичните резултати од истражувањето на ЦИВИЛ во овие области, особено со акцент на поделбите по етничка основа, национализмот, дискриминацијата меѓу навивачките групи.
Тахири истакна дека одговорите на младите и лицата кои се повозрасни се различни. Младите се понезатруени со национализам и непочитување на различностите, за разлика од повозрасните.
„Речиси сите се согласија дека изблиците на национализам и омраза сепак доаѓа од семејното опкружување“, истакна Тахири.
Таа нагласи дека младите бараат начини и модели како да се однесуваат и најчесто ги користат социјалните мрежи, особено „Тик Ток“, за да се „пронајдат“ и на тој начин се оформуваат како личности а на тие социјални мрежи има прилично доста содржини кои промовираат национализам, говорн на омраза, непочитување на различностите итн.
Д. Муратов
камера и монтажа: Ариан Мехмети