„ВМРО-ДПМНЕ нема план, за разлика од прогресивниот народ и СДСМ кои имаат план државата да биде членка на ЕУ. Единствена цел, што се виде денес на ВМРО-ДПМНЕ е да бидат дел од власта и тоа веднаш го прифатија“ изјави пратеникот од СДСМ, Миле Талески во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека дури и на штета на нивниот рејтинг, СДСМ им нуди на ВМРО-ДПМНЕ да биде дел од власта, да се донесат потребните одлуки, уставните измени, да се отворат поглавјата и да се оди на избори.
„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прифатија да бидат дел од власта, со одредени услови кои понатаму ги кажаа. Нивната цел излезе на виделина, нема веќе лажни формулации дека се против уставните измени. Јасно е дека се за тоа и јавно го кажаа и кажаа дека целта им е да бидат дел од власта“ рече Талески.
Пратеникот од СДСМ ја повика опозицијата да се усголасат во интерес на граѓаните и на мирен и културен начин да се вклучат во процесите во интерес на граѓаните и државата.