• Latest
Добро утро со Орданоски

Тамара во челустите на политиката

May 20, 2019
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Тамара во челустите на политиката

May 20, 2019 07:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Н[/dropcap]астапот на Тамара на последното издание на Евровизија во Израел го остави популарниот музички свет воодушевен: речиси се неподелени оценките на многу европски музички експерти дека таа ја имаше една од најдобрите песни на фестивалот, во секоја смисла, вклучувајќи ја не само нејзината пејачка интерпретација, туку и нејзиниот сценски и, воопшто, целосен настап на оваа меѓународна гала манифестација. Коментаторката на Српската телевизија, со несомнени симпатии кон Тамара, во еден момент вечерта рече дека кога и една Велика Британија, во која е измислена поп-музиката, ќе ви даде максимална оценка од 12 поени, тогаш навистина мора да сте ја имале најдобрата песна таа вечер.

Како излезе финалното гласање на гледачите на самата Евровизија е предмет, се чини, за друг вид, „немузички“ анализи. Но, целиот тој антиклимакс не го помати воодушевувањето за тоа како се претстави Северна Македонија во Тел Авив, вклучувајќи ја и оценката на Би-Би-Си дека една од важните лекции од годинешново издание на музичкиот фестивал на Европската асоцијација на јавни телевизии (EBU) и онаа дека оние кои не знаеле каде географски се наоѓа нашата земја, вечерта научиле.

Целиот тој успех, се разбира, не беше доволен за најзадртите македонски националисти кои го прославија фактот што таа вечер Тамара не победи. Зошто? Затоа што „бесрамно“, а особено затоа што супериорно во музичкиот натпревар ја претставувала „Северна Македонија“. Парадоксално, за нив ќе беше подобро таму да настапевме под „Бивша југословенска Република Македонија“, па макар излегле и последни?!

Мора да е тажен светот во кој живеат овие луѓе. Откако знаат за себе, политички, секогаш останувале на губитничката страна кога Македонија победувала. Тие мислат дека и со сегашното свое однесување го штитат македонскиот идентитет, оној што го замислуваат во „црно-бела“ техника, а не во богатството на „прекрасниот витраж“ (Папата Франциск) што го претставува секоја современа, победничка државна заедница на граѓани. Нивните „музички фестивали“ се хорските пеења на парастосите кога ги слават своите порази, уверени дека само мртов јунак е добар јунак за да биде достоен за славната, од Богородица до Табановце, македонска историја.

Целата таа националистичка фрустрација е само уште понагласена кај оние Македонци кои се иселиле од татковината. Не сите, но многумина од нив – познавам такви – огорчено веруваат дека токму татковината е виновна за нивната невесела иселеничка судбина. Во таквиот сентимент, последниот „доказ“ за таа подла улога на нивната татковина е промената на државното име, иако за нивните дијаспорични статуси, ако воопшто, тоа ништо суштински не им менува. Дури и напротив. Но, емотивната „одмазда“ сама се „понуди“ со можноста да не се гласа на Евровизија! Ете ви, северџани, сега сме квит!

Којзнае дали целата оваа дебата има некаква смисла, бидејќи никој нема вистинска методологија за да може да тврди дека евровизиската гласачка математика е баш таква, дека Тамара, наводно, останала „закината“ од телефонското гласање на македонските иселеници во странство. Со оглед на големината – односно, „малината“ – на нашата дијаспора (за разлика од руската, на пример), цифрите веројатно не би го поткрепиле таквиот заклучок.

Чудна е оваа 2019 година. Македонија и Тамара шампионски поминаа на Евровизија. И формално ќе станеме членки на НАТО. Беспрекорно го дочекавме Папата во Скопје. На демократски избори за прв пат добивме неоспорен претседател на Републиката. Датумот за почеток на преговори со ЕУ ни се насмевнува годинава… Ако се случи и Нобеловиот комитет да се истакне во декември, 2019 ќе влезе во Гинис за Република Северна Македонија. Па, кој сака да сече вени – бујрум!

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

 

 

 

Share1101Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ