• Latest

Таравари: Со работа треба да го градиме концептот на колективната свест

July 5, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Таравари: Со работа треба да го градиме концептот на колективната свест

July 5, 2018 14:48
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

“Не  сакам да говорам за  колективната општествена  депресија и летаргија во Македонија, затоа што со своите слободни фројдовски асоцијации ме потсетуваат на Груевски, Амди Бајрам, Ахмети и други слични политичари…”, изјави Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар и вториот човек на Алијансата за Албанците, во говорот на конференцијата „Македонски перспективи: Како до Европа?“, што се одржа вчера во организација на ЦИВИЛ и МЦМС.

„Мислам дека Македонија се наоѓа во ситуација во којашто Европа е е свртена во својата единствена опција!

Географски, ние сме дел од Европа, доцниме многу за да бидеме дел од институционалната Европа. Политичките каприци во изминатите години не чинеа висока општествена , социјална и економска цена, и без двоумење и демократска!

Но, не сакајќи да се сопнеме на грешките од минатото, сега е времето кога треба да гледаме напред во иднината и да ги осознаеме придобивките од нашата интеграција во Европа.

Европа е континент којшто  со многу работа успеал да функционира како една екипа што во центарот на своите вредности ги става демократијата и високиот животен стандард.

Високиот животен стандард  секојдневно ги провоцира нашите ќерки и синови, кои преку иселеничката драма докажуваат и покажуваат дека го сакаат! Нормално е луѓето да изберат што е најдобро за нив и нивните семејства, но, треба да се стави крај на напуштањето, треба да стенаме дел од Европската заедница, со избегнување на тешкиот феномен на емиграција.

Во изминатите 30 години сите политичари велеа дека сакаат Македонија да биде дел од Европа, но да се биде дел од Европа значи да имаме подобри училишта, подобри здравствени установи, со повеќе работни места, подобри плати, и конечно со една социјална држава којашто им овозможува на граѓаните личен и државен развој.

Како да се спремиме за Европа?!

Има ли магичен збор што треба да го изговориме за Европа да ни рече – Повелете, дојдете?!

Да, има! Тоа се работата и правото!

Секогаш се огледувам на американскиот претседател Кенеди, како еден од најумните луѓе во историјата, од овој господин научив една поговорка врз којашто го изградив мојот концепт за државата и општеството: Не прашувајте што направила државата за вас, но што направивте вие за вашата држава!

Така што, сите треба напорно да работиме, почнувајќи од политичарите, до поединецот што живее во најекстремните места во земјава. Правото треба да владее за сите подеднакво, иза Шилегов, и за Мерко, иза Таравари! Правдата треба да биде иста, кога станува збор за загадувањето на воздухот, и за Битола, и за Тетово!

Со работа треба да го градиме концептот на колективната свест, да работиме чесно, правично, секоја алка да си ја врши својата работа за да се изгради куќа на која секој од нас ќе постави тула и клинец, и за којашто секој поединечно ќе биде заслужен за својата работа!

Ако работиме со посветеност за да израдиме една правна, развојна и држава на можности, ние всушност веќе сме во обувките што ќе не носат во Европа.

Господи, среќата е духовна состојба кон којашто сите стремиме. Кога го прашале славниот англиски пеач Џон Ленон кога бил дете, што сака да стане кога ќе порасне, тој одговорил – сакам да бидам среќен. Учителката му вратила со – не го разбравте прашањето, а тој и одговорил – не, учителке, вие не го разбирате животот!

Среќата не може да се постигне или изгради врз коруптивните темели на државата или врз индивидуалната благосостојба, таа е таква само доколку што повеќе од тие што те опкружуваат, се среќни.

Европа не чека, таа би била многу посреќна со нас, а ние, без двоумење ке бидеме многу посреќни ако станеме дел од неа!

Пред неколку дена до премиерот и Владата пристигна порака од БЕ,  во којашто таксативно и експлицитно е наведено што и како треба да се направи!

Повелете Г. Премиеру, почнете со реформите и промените, нис е сме тука како политичка партија, иако опозициска, ќе ве поддржиме во сите реформски чекори! Не дозволувајте да бидете заложник на гнасни бројки и комбинации, историските моменти бараат храбри одлуки!“

 

Tags: „Македонски перспективи: Како до Европа?“говорконференцијаполитички дијалогТаравари
Share38Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ