• Latest

Чекајќи ја правдата

May 5, 2018
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Чекајќи ја правдата

May 5, 2018 14:33
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

„Осмели се Горде! Поднеси оставка!“ Така гласи постот на мојот Фејсбук профил на една фотографија, направена во раните вечерни часови на 5 мај 2015 година. Фотографијата е матна, направена набрзина, со телефон, во време од протестот пред да падне наредбата полицијата да почне да апси, тепа и гази. Таа ноќ, за само неколку часа, во радиус од неколку десетици метри, три пати ги почувствував пендреците и чизмите на специјалната полиција. И бев еден од тие што поминаа полесно од многумина.

Пишува: Џабир Дерала

И додека Сител, Канал 5, МРТ, Алфа, Радио Белизе и останатите мршојадци водеа црна кампања против своите сограѓанки и сограѓани, за револуцијата сведочеа фотографиите и снимките на самите демонстранти, споделени на социјалните мрежи и малкуте слободни медиуми. Ги листам спомените на Фесјбук и се присеќавам на тие часови долги како година. Закачив бронхитис тие денови, дента завршив на лекар, со препишана терапија и цврста препорака да одлежам неколку денови во кревет. Се разбира, само што завршив со прегледите, купив едно шишенце вода и тргнав кон грдата владина зграда на режимот.

Се случи што се случи. Специјалците дивееја. Удираа без милост. Тепаа и апсеа кого стигнат во радиус од три километри од владината зграда каде што се криеја крволочните режимски газди, меѓу кои и сега трудната екс-министерка Јанкуловска. Тепаа студенти во читалната „Браќа Миладиновци“, разјарени од помислата дека некој може да чита. И во 10 навечер! Само од екипата на ЦИВИЛ, тројца беа прибрани по полициски станици, едниот од нив многу лошо истепан таа ноќ.

Уште беше светло, пред да почне полициското газење, кога видовме како еден полицаец не издржа и нешто пред 19 часот го напушти првиот ред од полицискиот кордон. Си даде отказ. Утредента, МВРО демантираше дека има човечност меѓу полицајците.

Попусто демантираа Јанкуловска и нејзиниот снисходлив лајтнант Котевски. Во деновите и месеците кои следеа видовме многу ѕверови меѓу нив, но многумина од нив постапуваа хумано, нѐ предупредуваа кога очекуваа команда за напад, ни доставуваа информации за следните чекори на криминалците на власт, пружаа прва помош на повредени демонстранти… Многумина од нив и отворено ја искажуваа својата поддршка за револуцијата, па поради тоа беа деградирани и малтретирани на работа. Убаво е да се види полицијата денес, како се менува, иако бавно и со многу мрачни ликови кои сѐ уште се на клучни позиции.

Уште во првите денови на ненасилната граѓанска револуција беше јасно дека режимот паѓа. Надежите, па и опкладите дека тој пад ќе биде громогласен и срамен, а правдата недвосмислена и брза, беа… попусти.

На овој ден, повторно ќе се сетиме дека Јанкуловска имаше време и да забремени, дека е слободна како птица (добро, не е баш лебедица), наспроти сите докази за нејзиното криминално владеење. Ќе се сетиме на Мијалков кој продолжи со своите мултимилионски бизниси, плива во пари стекнати од криминалните злоупотреби. Газдата на криминалниот режим, Груевски, се шегачи со системот, иако нешто ми е блед во последно време. Чавков прелетува преку притворскиот ѕид кога и да ѝ се присака на Фамилијата која сега има нов пион – Мицковски. Ни крволочните убијци во обид од 27 април сѐ уште не се соочија со правдата, особено не нивните инспиратори и организатори. И нивните мегафони се извлекоа. Лудиот Милојко нема пари да плати судски трошоци и досудени (ситни) отштети, но затоа лета со Аустриан Ерлајнс кога сака и кај сака. Латас и неговата сталинистичка телевизија лапнаа пари дури и од СДСМ за кампања на локалните избори, а газдата Ѕинго ѝ се приклучи на коалицијата на СДСМ по децениското цицање крв од народот. Ивонче Милионче ги прошета своите гаќички од 500 евра од затаениот данок… со широка насмевка. Да не го споменувам Ахмети и неговата банда… Ќе ми требаат уште многу страници да ги набројам сите за кои знаеме, од кои страдаа сите, па и нивните верни солдати…

И, што со тоа? На 5 мај 2018 година, сѐ уште чекаме правда.

Веќе година дена новата влада не може да се пофали дека успеала да воспостави целосна власт и владеење на правото. Владата сѐ уште е во периферијата на лавиринтот кој го изгради судството под диригентската палка на Фамилијата. На судиите очигледно не им е грижа што нивниот позив стана еден од најпрезрените, заедно со оној на извршителите. Уште колку генерации ќе поминат за зборот судија да предизвика почит? Бидејќи денес, зборот судија не асоцира на правда, туку на корумпиран послушник.

И така, чекајќи ја правдата, се сеќаваме на датумите важни за соборување на режимот. Се сеќаваме на запенетите лица под замаглените шлемови, пендреците, оклопните транспортери, шок бомбите, штитовите, црната кампања… боите и факелите…

Чекаме.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 5 мајполициска бруталностправдаПротести
Share89Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ