• Latest

Челниците на МВР и УБК во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, јаделе по три работнички плати на ден!

July 13, 2017
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Челниците на МВР и УБК во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, јаделе по три работнички плати на ден!

July 13, 2017 16:03
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Октопод на скара, запечени ракчиња, бифтек со прелив, коњско месо, месо од бизон, срна, дивеч и други специјалитети, па се до индиски ореви и скапи алкохолни пијалоци, од типот на „Курвоазие“, „Мартел“, „Чивас“ од по 1.600 денари чашка и води „Перие“, се најдоа на фискалните сметки на функционери на УБК и БЈБ, кои изнесуваат околу 500 евра, на секоја фискална сметка или фактура! Овие луксузирања на поранешните први луѓе на полицијата ги соопштија од МВР на денешниот брифинг со новинарите.

На едно гоштевање се трошеле околу три минимални македонски плати, а претежно се јадело и пиело во елитните скопски ресторани: „Воденица“ и „Камник“, како и во кафе-барот „Интермецо“ и клубот „Театро“.

Според информациите од МВР, од 2011 до 2016 година, УБК за репрезантации потошило над 34 милиони денари, БЈБ речиси 29 милиони денари, а администрацијата, под која спаѓа и кабинетот на министерот, потрошила 15,7 милиони денари. Најмногу се јадело и пиело на државна сметка во изборните години, односно во 2011 и 2014 година.

На фактурата од 12 април 2012 година, кога се случи петкратното убиство кај Смилковско Езеро, УБК се гоштевало во еден скопски ресторан. На менито имало секакви специјалитети – печурки на жар, тиквички, месо, пити… На фактурата се гледа дека тие потрошиле над 5.000 денари само за десерти.

Раководни лица од МВР, јаделе и пиеле пред денот на смртта на новинарот Никола Младенов.

За време на акцијата во кумановско „Диво Насеље“, на 9 мај 2015 година, во периодот на најжестоките престрелки во Куманово, според сметката која е издадена во 13 часот и 57 минути, првите луѓе на БЈБ, во ресторанот „Ла Тараца“, јаделе мешани морски плодови од 5.000 денари, и лосос на скара.

На друга сметка се гледа дека вработени во МВР нарачувале равиоли со фазан што чинат 1.200 денари, дивеч во ловечки сос што чини, исто така, 1.200 денари, бифтек од дивеч што чини 5.000 денари, потоа карпачо од коњском месо – 2.000 денари, стек од бизон 5.900 денари и стек од коњ – 4.500 денари. Јаделе и елен во сос од вргањ што чини  1.200 денари. Сметката што ја направиле за еден ручек или вечера е 38.350 денари.

На друга фактура од 6 јули 2011 година, на менито на УБК биле гамбори на жар што ги чинело 1.271 денар, за риба во фурна платиле 13.700 денари, а за мешано месо на жар – 1.016 денари.

Интересно е тоа што на 7 ноември 2012 година, во ресторанот „Воденица“, во исто време се издадени три посебни сметки, за три посебни маси. Во „Камник“, за три порции специјална нарачка од кујна, се платени 25.250 денари, а за риба прва класа се платени 10.000 денари.

Ексшефот на УБК, Тони Јакимовски најмногу трошел за репрезентации.  Од 2008 година до 2017 потрошил 2.387 866 денари за храна и пијачки по ресторани. Сашо Мијалков, ексшефот на УБК, за истиот период потрошил 1.104 773 денари. Гордана Јанкуловска потршила 1.320 195 денари за репрезентации само на фактури.

Славјанка Петровска, шефицата на Кабинет на министерот Оливер Спасовски, изјави дека трошењето за репрезентации не било докрај уредено во законот. Таа додаде дека Владата, на една од последните седници, донела заклучоци за усвојување на Правилник за репрезентации за министрите и именуваните функционери. Исто така, таа потенцираше дека министерот Спасовски ќе побара од Државниот завод за ревизија да се изврши увид во МВР.

На брифингот со новинарите, од МВР најавија дека допрва ќе бидат откривани и сумите кои се потрошени од службените картички на функционерите во оваа институција, бидејќи податоците кои ги објавија се однесуваат само за расходи од фактури.

Сметките покажуваат во каков раскош и луксуз уживале поранешните челници на МВР, останува прашањето на евентуална кривична одговорност, бидејќи граѓан(к)ите одамна се свесни дека морална одговорност – немаат.

Дехран Муратов 

Tags: БЈБМВРревизијаручек од 500 евраУБКфискални сметки
Share622Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ