Основните училишта во целата покраина Техеран, освен во три помали градови, денеска ќе бидат затворени, поради големо атмосферско загадување, јавува МИА.
Властите исто така одлучија да го прошират системот на возење „пар-непар“ низ целиот град Техеран, кој има околу 8,5 милиони жители.
„Концентрацијата на ситни честички (ПМ2,5) денеска во просек изнесува 144 микрограми по метар кубен во целата престолнина, а во некои места дури 169 микрограми“, соопштија градските власти.
Светската здравствена организација препорачува стапка до 25 микрограми на метар кубен во просек на 24 часа.
Додека властите на Техеран, се загрижени за здравјето на децата во земјата, градските власти во Скопје ниту при загадување од над 600 ПМ10 честички на метар квадратен и протестите на родителите не дозволија прекин на наставата.
М.И.