Во БиХ за жал нема консензус за „Отворен Балкан“. Причините за тоа се во размислувањето на политички поединци во БиХ дека иницијаторите на оваа групација имаат заднински намери, рече на Самитот „Отворен Балкан“ Претседавачот на Советот на министри Зоран Тегелтија.
– Овие размислувања може да се променат. Знам дека целата економска заедница во БиХ ме поддржува и граѓаните. Тука сум поради тоа што сум убеден дека оваа инцијатива ќе покрене економски бум во регионот. Убеден сум дека Сараево наскоро ќе биде член на „Отворен Балкан“. Затоа ги повикувам сите политички чинители од регионот да ги отворат границите и капиталот и стоките и граѓаните слободно да се движат и само така можеме да си помогнеме себе си и на ЕУ, изјави Тегелтија денеска на Самитот „Отворен Балкан“ во Охрид.