• Latest
Тенкови во Москва, 23 јуни 2023

Тенкови низ Москва, судир меѓу „Вагнер“ и руските сили во областа Ростов, платениците на Пригожин се движат кон руската престолнина

June 24, 2023

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Тенкови низ Москва, судир меѓу „Вагнер“ и руските сили во областа Ростов, платениците на Пригожин се движат кон руската престолнина

June 24, 2023 01:39
in СВЕТ, ТОП 5
Тенкови во Москва, 23 јуни 2023

Тенкови во Москва, 23 јуни 2023

Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе руски воени блогери пишуваат дека припадниците на платеничката армија на Пригожин „Вагнер“ се судриле со руските сили „Росгвардија“ во реонот на Козачи Табори. Наводно, трупите на Вагнер се движеле кон Москва и биле сопрени од руската војска. Но, по престрелката, руските војници се разбегале, оставајќи го зад себе оружјето и неколку оклопни транспортери, по што колоната на платеничката војска на Пригожин продолжила кон Москва.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/wagner-rosgvardia-clash-23062023.mp4

„На патот Ростов-Москва, во областа Козачи Табори дошло до првиот судир меѓу трупите на ПМК ‘Вагнер’ кои се движеле кон Москва и единиците на ‘Росгвардија’. Како резултат на престрелката, руската гарда побегна, фрлајќи го оружјето и неколку оклопни транспортери, а колоната ПМЦ продолжи со движењето кон Москва“, дознава ЦИВИЛ Медиа од украински извори кои се совпаѓаат со информациите објавени од руските блогери. Овие вести не е возможно да се потврдат од независни извори.

Колаж од фотографии за кои се тврди дека се направени во Москва, објавени вечерта на 23 јуни 2023 година.

Социјалните мрежи и неколку интернет портали објавија фотографии и видео снимки од тенкови и оклопни транспортери што се движат низ центарот на Москва.

„Безбедносните мерки се зајакнати во Москва, под зголемена заштита се преземени сите најважни објекти, државни органи и објекти на транспортната инфраструктура“, изјавија руските безбедносни служби за владината новинска агенција ТАСС.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/Tanks-in-Moscow-23062023-moscow-online.mp4

Дали започна внатрешен оружен конфликт во Русија? Одговорот на тоа прашање сѐ уште е крајно неизвесен, но сигурно е дека тензии има, судејќи по нервозните соопштенија од руските државни медиуми.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/Tanks-in-Moscow-23062023-2.mp4

„Ова е почеток на внатрешната борба на русите меѓу толпата – «вагнер» и министерството за одбрана на рф“, изјавија за ЦИВИЛ Медиа украински извори.

Претходно, рускиот државен ТВ канал „Русија 24“ го прекина емитувањето на програмата за да емитува порака од руското Министерство за одбрана, во која се наведува дека тврдењата на водачот на платеничката група „Вагнер“ Евгениј Пригожин „не одговараат на реалноста“.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/prigozhin-23062023-at-8-27-pm.mp3

„Тие видоа дека не сме скршени и започнаа со напади врз нашите кампови. Загинаа огромен број наши борци, наши соборци. Ќе донесеме одлука како да одговориме на овие злосторства. Следниот чекор е наш“, вели Пригожин во својата порака.

Во моментов е познато само дека силите лојални на Пригожин продолжуваат кон Москва. Руските власти упатија повик кон платениците на „Вагнер“ да му откажат послушност на својот газда и да го заробат.

Џ. Дерала

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ