• Latest

Теренска кампања за информираност на земјоделците во полошкиот регион

March 22, 2023

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Теренска кампања за информираност на земјоделците во полошкиот регион

March 22, 2023 19:24
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Тимови од Министерствотото за земјоделство, шумарство и водостопанство и од агенциите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за поттикнување на развојот на земјоделството и  за храна и ветеринарство заедно со вработените во подрачните единици, денеска во рамки на теренската кампања за подобра информираност на земјоделците, посетија неколку локации и одржаа средби со земјоделци и мали производители на храна од полошкиот регион.

 

Од почетокот на месецов постојано се одржуваат информативни средби, на кои детално се објаснуваат постапките за аплицирање на јавните повици кои се во тек, за грантови до 10.000 евра. Моментно се активни  три јавни повици за финансиска поддршка: Јавен повик за мали винарии, Јавен повик за мали производители на храна од животинско потекло и Јавен повик за мали производитрли на храна од неживотинско потекло. За да можат да аплицираат на повиците, малите производители треба да се евидентираат како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство, пренесува МИА.

Според информациите на МЗШВ, интересот е голем, а најмногу прашања има околу чекорите за евиденција и потребната документација за јавните повици. Токму за таа цел, посочуваат од Министерството, интензиво тече теренска кампања на повеќе тимови, со крајна цел да се одржат над 500 состаноци со земјоделци низ сите региони. Информациите се споделуваат и на веб страната на Министерството и на социјалните медиуми, што е многу важно за да допреме до секој земјоделец.

Во Гостивар се одржа централен настан во заедничка органзиација со ИМЕ и Швајцарската амбасада, на кој присуствуваа земјоделци и мали производители на храна од регионот, како и претставници на здруженијата Национална  федерација на фармери, Алијанса Премиум и Слоу Фуд Македонија.

Карванот, информира МЗШВ, продолжи со посета на компаниите Монтенегро-Гостивар и месна преработувачка индустрија Карнем во село Зубовце, Општина Врапшичте, кои се корисници на ИПАРД програмата. Се остварија и средби со жени земјоделки и мали производители во село Тумчевиште и село Сараќино. Во село Лешок, остварена е средба со земјоделците од селото, на која присуствуваше и Иснириза Хелили поглавар на полошкиот регион.

Освен средбите со земјоделци, таргет група на денешниот карван беа и учениците средношколци од земјоделската и ветеринарсната струка од Регионалниот центар за стручно образование и наука „Моша Пјаде“ – Тетово. Министерот за земјоделство Љупчо Николовски имаше средба со средношколци од 3 и 4 година на земјоделска и ветеринарна струка и ги информираше дека своето образование можат да го продолжат на некој од земјоделските или ветеринарнни факултети, со стипендија од 18.000 денари.

На крајот од  теренска активност, одржана е средба со вработените од подрачните единици на МЗШВ, АПРЗ и АХВ со цел подобра информираност за текот на редовните работни активности и интересот кај земјоделците за аплицирање на активните повици за грантови до 10.000 евра.

 

Tags: земјоделциинформираностМЗШВтеренска кампања
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ