• Latest
Добро утро со Орданоски

Тешки маки апстинентски

February 5, 2020

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Тешки маки апстинентски

Jасно е дека во „битката за апстинентите“ големо влијание ќе има и политичкиот и личен карактер на лидерите Заев и Мицкоски. Всушност, многу повеќе за Заев, одошто Мицкоски.

February 5, 2020 07:26
in АНАЛИЗИ, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Ја слушам, повремено, „мантрата“ на Заев дека „ако нема изгласан закон за обвинителство, нема да има ни предвремени избори“, и не можам да се начудам на логиката на таа реторичка закана?!

Во што е смислата на дузина актуелни пратеници во Собранието (и уште три-четири дузини бивши и сегашни функционери во раководството на опозицијата) да им се заканувате дека ако не го изгласаат законот според кој ќе треба да продолжат да одговараат за обвиненијата со кои се товарат за различни степени на тешки кривични дела, ќе се одложи закажаното вонредно излегување на избори, без кои (избори) тие удобно ги уживаат своите сегашни пратенички статуси, патни трошоци и имунитети, со мандат од уште изгледни 500 дена?!

Ууууууу, се смрзнаа од страв пратенициве на опозицијата! Сигурно се растрчани амандмани на Предлог законот да направат, ред се чека пред собраниските печатари и фото-копири. Особено што, според срамежливите најави од нивната партија, речиси никој од овие пратеници нема да добие шанса повторно да се најде на изборните кандидатски листи…

Во меѓувреме, стигна и новата „француска“ методологија за отворање преговори со ЕУ, па добивањето датум станува сè поизвесно, со или без обвинителски закон. А и закон ќе си има, „оверен“ од 81 пратеник.

Така што, на предвремени избори власта ќе влезе во кампања со прилично исполнет список на остварени ветувања, наспроти опозицијата која тврди дека ништо од тоа не чини и дека сè е катастрофа. Сегашниве пропагандни позиции и на едните и на другите нема во ни една значајна смисла да се променат во наредните шеесетина дена до изборите.

Тоа значи дека двете партиски „војски“ – од по 250-300 илјади гласачи – уредно ќе си се поредат зад „командите“ на своите лидери и раководства. Тоа, пак, значи дека изборната трка меѓу власта и опозицијата ќе се сведе на обработката на една доминантна категорија гласачи: потенцијалните апстиненти. ВМРО ќе настојува најголем дел од нив да ги демотивира да излезат на гласање, бидејќи грото од нив се разочарани од власта, но добро ги паметат „груевци“ и не би го дале својот глас за сегашната опозиција. А СДСМ ќе настојува што поголем дел од нив да ги мотивира да излезат на гласање и да застанат зад испорачаните, несовршени ветувања како влог во подобра, иако сè уште недостигната, иднина.

Ако макар и приближно се согласиме со вака опишаниот изборен контекст, јасно е дека во „битката за апстинентите“ големо влијание ќе има и политичкиот и личен карактер на лидерите Заев и Мицкоски. Всушност, многу повеќе за Заев, одошто Мицкоски.

Бидејќи, се чини дека водачот на опозицијата го има постигнато својот лидерски изборен потенцијал: се доживува како крут, пресметан, циничен, бескомпромисен, остроумен фајтер со извежбана политичка демагогија, што е главно резултат на непостоењето на каква било лична дистанца од перманентните „лоши вести“ што ги произведува неговата партија за да ја оцрни власта. Тоа е прилично скромна „хроматска“ лидерска слика, во која преовладуваат само сиви и црни тонови. Во случајот на Мицкоски, на денот на изборите ќе дознаеме кој е изборниот потенцијал за привлекување неопределени и апстинентски гласови со исклучиво негативистички лидерски пристап.

Од другата страна е Заев чиј лидерски предизборен „балон“ може да издишува и да се дуе многу пофлексибилно – и во извежбана демагошка и во реална, „програмска“ смисла – со многу поширок дијапазон на оптимизам и карактерна мекост, со долгогодишно политичко искуство, со итрина и помала дистанца кон моќта со гласачите, што му дава голем маневарски, заводлив потенцијал за „гушкање“ со неопределените и апстинентски расположените гласачи од сите етнички, социјални и други демографски бои. На денот на изборите ќе дознаеме кој е изборниот потенцијал за привлекување неопределени и апстинентски гласови со главно позитивистички лидерски пристап.

Затоа, баталете пцовки и навреди од црно-бел партиски арсенал – овие избори ќе ги решат оние кои се повоздржани, помалку фејсбук-хистерични, кои не учествуваат во секојдневниот јавен натпревар за измислување нови навреди и кои размислуваат дали паролата „Сите се исти!“ е добра гласачка инвестиција за иднината… Оти, на крајот, таа иднина секако ќе дојде; прашањето е дали сакате да учествувате во нејзиното макар и магловито обликување или ви е сè преку…

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ