• Latest

Тевдовски: 33,4 милиони долари грантови за градинки и социјални услуги

June 4, 2018

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тевдовски: 33,4 милиони долари грантови за градинки и социјални услуги

June 4, 2018 12:16
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Грантови за општините за изградба на нови градинки, за реновирање на постоечки и пренамена на постојни објекти во институции за деца на предучилишна возраст, најави министерот за финансии Драган Тевдовски на отворењето на првата градинка во општина Чашка, каде присуствуваше и министерката за труд и социјала Мила Царовска. Станува збор за проект во износ од 33,4 милиони долари, кој Светска банка, за време на Пролетните средби во Вашингтон, изрази интерес да го финансира.

Освен за изградба и реконструкција на градинки парите од заемот од Светска банка би се користеле и за подобрување на квалитетот на услугите во предучилишните установи, унапредување на наставните програми и обуки на кадрите. Исто така, ќе се доделуваат грантови и за други социјални услуги на локално ниво.

– Во тек е Мисија на тимот на Светска Банка за проценка на проектот. Преговорите помеѓу Владата на Република Македонија и банката треба да почнат на почеток на јули. За крај на септември се планира проектот да биде одобрен од Бордот на директори на Светска Банка. Потпишувањето на договорот треба да се случи на крајот на годинава, изјави министерот за финансии Тевдовски.

Како што истакна тој, затекнати се бројни проблеми во предучилишното образование. Бројот на градинки е недоволен, капацитетите се помали од потребата, исто како и бројот на вработени. Сепак, како што рече Тевдовски, Владата веднаш се заложи да се надминат овие проблеми преку обезбедување повеќе средства во буџетот.

– Децата се нашата иднина. Со вложување во нивниот развој уште од предучилишна возраст, даваме придонес кон идниот просперитет на земјата. Се фокусираме да се подобри опфатот на децата во градинките, односно подобрување на  просторните и кадровски капацитети-рече Тевдовски.

Министерот за финансии посочи дека во годинешниот буџет има определено значително повеќе средства за блок дотации за детски градинки или околу 1,6 милијарди денари. Предвидени се и средства за 200 нови вработувања во градинките како и за зголемување на платите на вработените за  пет отсто, почнувајќи од септември годинава.

Тевдовски рече дека во буџетот за 2018 има 58 милиони денари за изградба и опремување на детски градинки и објекти за социјална заштита.

(МИА)

Tags: Влада на Република Македонијагрантовидетски градинкиДраган ТевдовскиминистерМинистерство за финансиисоцијални услуги
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ