• Latest
oznor

Тевдовски: Праведниот данок е успешна реформа, економијата во одлична кондиција

June 12, 2019

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тевдовски: Праведниот данок е успешна реформа, економијата во одлична кондиција

June 12, 2019 13:47
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
oznor

oznor

Share on FacebookShare on Twitter

Позитивните очекувања за праведното оданочување се реализираат, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на прес-конференција. Toj посочи дека економијата е во одлична кондиција, што е доказ дека реформите во фискалниот систем се во вистинска насока.

„Од неделава започна исплатата на зголемената социјална помош согласно правата предвидени со новата социјална реформа. Над 25.000 домаќинства добија гарантиран минимален приход, којшто е значително повисок за поголемиот дел од нив“, изјави Тевдовски.

Тевдовски презентираше 7 факти за економските остварувања, по воведување на праведното оданочување. Посочи дека во првото тримесечје бројот на вработени е зголемен за 17.000 лица, а невработеноста е сведена на најниско ниво од спроведување на анкетата на работна сила.

Во однос на вработеноста кај младите. министерот за финансии рече дека и покрај стравувањата дека ќе се намали бројот на вработените кај младата популација по воведување на прогресивното оданочување, во првото тримесечје од 2019 година има раст на вработеноста кај младите за 6000 лица во споредба со последното тримесечје од 2018 година.

Раст има и кај просечната нето-плата во првите три месеци од 2019 година во споредба со првото тримесечје од 2018 година и тоа за 3,4%, што е повисоко ниво во однос на седумгодишниот просек, рече Тевдовски. Министерот за финансии истакна дека ова е наспроти тезите кои постоеле во јавноста дека воведувањето на праведниот данок ќе влијае на работодавачите да ги намалат платите на работниците.

„Напротив во континуитет имаме зголемување на просечната плата. Зголемена е и просечната плата на програмерите во првото тримесечје од 2019 година за 5,5%. Бројот на вработени во дејноста Информации и комуникации, исто така е зголемен за 1.500 лица во споредба со последното тримесечје на 2018 година или за 5.000 во однос на истиот период лани. Кога дебатиравме за воведување на праведното оданочување имаше стравувања токму од овој сектор дека ќе има намалување на платите и на бројот на вработени, бидејќи овој сектор беше најблиску до границата за прогресивната даночна стапка. Сепак, се случи токму спротивното и имаме позитивни резултати и тука“, рече Тевдовски.

Тој посочи дека од почeтокот на годината имаме добра наплата на данокот на личен доход или за 17,4% повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Тевдовкси посочи дека целосниот економски резултат, односно растот на БДП во првото тримесечје изнесува 4,1% и претставува навистина добро остварување. Што е спротивно на тврдењата дека праведното оданочување ќе го блокира економскиот раст.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ