• Latest

Тимоние: Демократските општества имаат потреба од функционални институции

May 31, 2020

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тимоние: Демократските општества имаат потреба од функционални институции

May 31, 2020 11:27
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европските дипломати имаат потреба од соговорник. Потребен им е легитимен соговорник, но и функционална администрација која тесно ќе соработува со легитимна политичка власт, и на европските дипломати во овие околности особено им се неопходни одлуки. Но, тоа значи дека од една страна постојат ограничувањата кои ни се познати, а се поврзани со епидемијата и таа одлучува всушност. Така е и кај нас во Франција. Ние имаме предвидени избори на 28 јуни, но имаме одредена одредба да ја проучиме состојбата две недели претходно и доколку здравствените услови го дозволат тоа, да продолжиме со изборите, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Во интервју за Радио Слободна Европа, на прашањето дали изборите се неопходни за функционирање на правната држава или се само политички тактизирања, Тимоние напоменува дека демократските општества имаат потреба од функционални институции.

-Ние сите работиме под притисок на овие прашања поврзани со здравјето на луѓето кои се приоритетни и не треба да заборавиме дека нашите демократски општества, имаат потреба од функционални институции бидејќи најголемите потешкотии потоа ќе се појават за да се смират последиците од епидемијата. Треба да се донесат низа економски мерки и одлуки што би можеле да се донесат само од страна на легитимни институции, а кога ќе се случи гласањето тешко е да се одговори. Наша желба е колку што е можно побрзо, а, кога мислам колку што е можно побрзо, за тоа е потребна политичка одлука, но и објективна која се базира врз здравствената состојба во земјата, нагласува амбасадорот.

Во врска со преговарачка рамка за земјава која треба да биде готова следната недела, Тимоние потенцира дека станува збор за одлична вест, „зашто можеби е задржан еден од најголемите предизвици со кои требаше да се соочи и да ги надмине ЕУ особено во поглед на геостратешкиот приоритет кон Западен Балкан“. За прашањето со Бугарија, пак, амбасадорот е дециден дека европскиот дух подразбира компромис и разум. Треба, порачува, да се гледа кон 21 век во којшто сме, а не да се вртиме кон 19 век.

-Сакам на еврокомесарот Вархеји да му искажеме благодарност затоа што успеа во рамките на преговорите во Комисијата да ја одржи таа рамка и да ја подготви за месец јуни. Тој документ е многу важен и со него ќе се утврди еден своевиден патоказ врз база на новата методологија со три основни точки. Првата патоказ за владеењето на правото, втората за демократските и административните институции и трет патоказ за економските реформи. Тоа ќе биде суштината на патеката која треба да се подготви, рамката ќе треба да се усвои на меѓувладината седница која би требала да се одржи наесен, а потоа ќе отпочне процес којшто не е само технички туку и политички, а ние тоа и го посакувавме, политички пат којшто ќе биде придружуван со различен вид помош и поддршка за Северна Македонија. Значи, многу добар почеток кој се најавува со фактот што јуни ќе биде објавена преговарачката рамка, а како што ние велиме, навистина сте на добар пат, вели Тимоние.

На прашањето дали изјавата на Бугарија за македонскиот јазик ја гледа како вид ново вето за нашиот евроатлантски пат, Тимоние, меѓу другото, го посочува Договорот за пријателство од 2017 година кој, подвлекува, треба да служи како основа за добрите односи меѓу двете земји. Треба да се подвлече црта, додава, ЕУ постои зашто повеќе не се зборува за Балканските војни.
-Ако една работа не сакаме, тоа е увезувањето на сите овие прашања внатре во европскиот простор. Ние посакуваме Европа да постои како цивилизациски модел, како модел на право, а не како место во кое ќе се водат бесконечни преговори за проблеми кои се поврзани со внатрешната политика, а не со европските проблеми, потенцира францускиот амбасадор во интервјуто за Радио Слободна Европа.
Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ