• Latest

Телеграф: Лондон планира да плати 400 милиони фунти на Иран за ослободување на британска активистка

November 16, 2017

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Телеграф: Лондон планира да плати 400 милиони фунти на Иран за ослободување на британска активистка

November 16, 2017 11:03
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Велика Британија се подготвува да му плати повеќе од 400 милиони фунти на Иран за ослободување од затвор на иранско-британска активистка, објави весникот „Телеграф“, повикувајќи се на неименувани британски извори.

Назанин Загари-Ретклиф, проект менаџер во Фондацијата Томсон Ројтерс, издржува петгодишна затворска казна откако беше осудена од ирански суд поради заговор за соборување на свештеничкиот поредок во земјата. Таа ги негира обвиненијата.

Велика Британија побара правни совети околу тоа дали може да ги пренесе средствата што ги должи за спорниот договор за оружје во 70-те години. Дипломати за весникот „Телеграф“ изјавиле дека секое плаќање не треба да се поврзува со судбината на Загари-Ратклиф.

Загари-Ретклиф (38) има двојно државјанство – иранско и британско. Во март минатата година, заедно со ќерката, отпатувала во Иран да ја прослави тамошната нова година, а сопругот  Ричард останал во Лондон.

Револуционерната гарда пред заминување од Иран ја задржа на аеродромот во Техеран и ја уапси, а на нејзината двегодишна ќерка агентите и го одземаа британскиот пасош. Оттогаш Назанин се наоѓа во озлогласениот затвор „Евин”, а за ќерката Габриела се грижат нејзините баба и дедо во Техеран. За разлика од нејзината мајка, Габриела има само британско државјанство.

Нејзиниот сопруг Ричард, исто така вработен во Фондацијата Томсон Ројтерс, вчера имаше средба со британскиот министер Борис Џонсон, на кого тој му рекол оти нема сознанија дека се подготвува таков трансфер на пари од Лондон кон Техеран. Дипломатски извори и за „Сан“ наведуваат дека се подготвува таква исплата, но оти е тешко изводливо поради западните санкции кон таа земја.

Воедно Ричард побара неговата сопруга да биде ставена под дипломатска заштита, но Техеран веднаш реагираше и наведе дека таков чекор не би имал смисла, бидејќи Иран не признава двојно државјанство и за нив осудената е само иранска државјанка.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: @активизамАнглијаЛондонТелеграф
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ