Мухамед Точи од здружението „Месечина“ за ЦИВИЛ Медиа изјави дека можеме да учиме од различностите. Изјавата е снимена на Денотна на граѓанските организации, во организација на Цивика Мобилитас 2020година.
„Поентата е колку побрзо ние сфатиме дека без разлика што сме различни еден од друг по било која основа, можеме да придобиеме од учењето на различните од нас. Тоа не прави побогати во умеењето и снаоѓањето со сите предизвици што ние ги имаме. Ова не го зборувам како претставник на некоја граѓанска организација, туку го зборувам како обичен граѓанин, како индивидуа. Секој од секого може да учи. Ова ние го утврдивме преку различните проекти што ги имавме со млади, деца и средоншколци. Еден од нашите проекти беше меѓусебно да се запознаат кои се традициите, култура, што е обележјето за секоја етничка заедница. И тогаш утврдивме, преку работа со средношколци, дека малку се знаењата меѓусебни на ладите луѓе, без разлика дали се дружат во исто училиште, сепак малку знаат едни за други, за културата на другиот, за јазикот, за обичаите… Колку повеќе ние како граѓански организации, државата воопшто, работи во зближувањето на различностите, но секоја со својата различност може да остане, меѓутоа ќе биде побогат ако го запознае другиот. “, изјави Точи.
Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.