• Latest

Точка, точка, извичник!

May 24, 2020
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Точка, точка, извичник!

Христијан Мицкоски! – кога човекот сака да изгледа дека има неверојатна потреба или спроведува „факторска операција“... (!!!)

May 24, 2020 12:06
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА!

„Здраво. Точка. Би сакал да се слушнеме. Точка. Христијан Мицкоски. Извичник.“ – Мицкоски. Се извинувам, требаше да напишам „Мицкоски!“. Морав уште неколку пати да го прегледам видеото со изјавата на Мицкоски на 22 мај, на сатиричната Фејсбук страница „Сеир“. А потоа уште неколку. И многу се смеев, некаде од второто прегледување па натаму. Нема потреба од монтажа, ни од коментар, само да се прегледа неколку пати и расположението автоматски (!) се поправа.

Гледам, во моментов го виделе 61.000 луѓе. Од речиси 800 реакции, од кои му се смеат повеќе од една третина, две третини се лајкови, а само дваесетина ставиле лут емотикон. Нека остане забележано дека првиот емотикон со срце го ставив јас, колку и да изгледа невообичаено. Навистина, мојата втора реакција (првата беше неверување) беше: Срцка! Ете, извичник.

Да, извичник после името и презимето. Па, кој се потпишува така? Се обидов да најдам одговор на онлајн ресурсите каде што се објаснува значењето и употребата на овој интерпункциски знак. И пронајдов примери на употреба после името на некои бендови и компании. Па така, бендот Jeopardy! (опасност) се потпишува со извичник. И P!nk (Пинк)си игра со извичникот во своето име, употребувајќи го како превртено латинично и. Или американскиот веб сервис, компанијата Yahoo!. Така налетав и на називот Animals Unite! (Животни, обединете се!), па уште се смеев. И, се разбира, го прегледав уште еднаш видеото со Мицкоски. Незаборавно!

На интернет страниците што се занимаваат со граматика и јазик, се делат совети дека извичникот не треба да се употребува премногу често, а никако во официјалната комуникација. Добро, тоа веќе го знаат и помалку писмените. „Немојте да претерате во продажбата на тоа што сакате да го соопштите“, се вели во еден совет, „бидејќи луѓето не мора да бидат исто толку возбудени како и вие.“

Извичник се употребува и кога сте во опасност, пишуваат повеќе извори, што не е тајна ни за деца од второ одделение. Веројатно, Мицкоски ја почувствувал опасноста од тоа што може да значи неодговорното однесување среде вонредна состојба со коронавирусот, кога во придружба со високи полициски службеници го негува своето тело во затворена теретана. Сега можеби треба да се вратиме и на прашањата околу фотографиите со него и неговите соработници и старлети (во обид) во угостителските објекти. Но, да не одиме понатаму, туку да се задржиме на извичникот, за да останеме во добро и ведро расположение.

Пребарувајќи така на интернет, налетав на напис на британската веб страница Метро (metro.co.uk) каде што го прочитав написот „10 едноставни правила кога да употребувате и кога да не употребувате извичник“. Па, правилото 10, со наслов „Не употребувајте извичник по своето име“ вели вака: „Сосема е в ред ако вашето име е P!nk или Yahoo! Но, ако сте нормално човечко битие, додавањето на извичник на вашето име ќе направи да изгледате како да имате некоја неверојатна потреба… Зборовите, самата содржина треба да ја завршат работата. Ако се потпирате на интерпункцијата за да бидете интересни, не сте интересни… Никогаш не треба да им кажете на луѓето дека сте забавни… Премногу луѓе ставаат извичник, а премалку донираат витални органи.“

Значи, ако сте нормално човечко битие… освен ако не сакате да изгледате како да имате неверојатна потреба. Од попречување на истрагата за вас, на пример. Што е кривично дело.

Во мојата онлајн „истрага“ за употребата на извичникот (!), наидов на податокот дека тој се употребува и во математиката, освен во СМС пораките наменети за попречување на истраги и спасување на угледот кој не може да се спаси (одамна отишол по ѓаволите).

Малку се успокоив. Па човекот е Математичар! – кликнав во мислите (не на интернет линк). Како не ми текна тоа веднаш, се прашав со прашалник и извичник. „Во математиката, овој симбол претставува факторска операција“ – ни објаснува онлајн енциклопедијата Википедија. Ете ти беља. Пак се изнасмеав. Факторска операција за некој како мене, што не ги досегнал висините на математиката како нашиот јунак овде, повторно, звучи смешно. И означува мултиплицирање (множење) на „факторот“ со сите вредности (цифри) подолу. Така, кога ќе напишете „4!“, факторската операција е 4х3х2х1=24.

Преводот од математиката во политиката е очигледен. Ама СМС пораката не е помалку кривично дело. Штета што реши да остане на шпицот, а не се кандидираше во Четворката, каде што го покани Заев, па можеби ќе уживаше во пратеничкиот имунитет. Или ќе беше премиер, можеби? Па некои ќе беа „фактори“ со извичник, а обичните смртници ќе мораа да се задоволат само со своето име и презиме на обичен смртник, евентуално со додаден прекар или неофицијализирано фамилијарно презиме, како моето.

Ајде, доста се смееме. Озбилна е работата!

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ