Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз го поддржа носењето на Законот за попис во Собранието, во интервју за Гласот на Америка, таа оценува дека тоа е важен чекор напред, бидејќи во земјава населението и имотот не е попишан речиси 20 години, а оваа статистичка операција е клучна за креирањето на идните развојни политики.
„Пред сè, многу сум среќна што Законот за попис помина во Парламентот. Уште повеќе што помина со поддршка на два опозициски партнери, и владината коалиција. Ова е важен чекор. Северна Македонија немала попис речиси 20 години, а тоа се одрази врз процесот на водење на политиките, бидејќи точните податоци за населението се важен дел во планирање на иднината. Очекуваме дека Владата ќе осигури пописот да го направат професионалци, што ќе обезбеди информации кои ќе ѝ помогнат на државата во однос на иднината“, рече Брнз во интервјуто.