„Кога седнавме во деведесеттите години и размисливме што е тоа што ги зближува мажите, а ги раздружува жените, моите согледувања, моето искуство, мојата присутност и активности во тоа време, заедно со тимот, заклучивме дека она што ги здружува мажите се кафеаните, фудбалот и политичките партии. Ние, за тоа време, заради мажот, братот, кумот, сватот… но, не и по сопствена волја. Сега веќе не е така“, изјави Савка Тодоровска, претседателка на Националниот совет за родова рамноправност на панел-дискусијата „Борба, не кафана“ во организаиција ЦИВИЛ.
„Зошто го бележиме 8 март? Затоа што крваво е задушен првиот штрајк на жените на жените од текстилната индустрија, каде што ги барааа своите права за зголемување на надниците и намалување на работните часови. Истата состојба и после 110 години, конфекциските работнички во државата се во истата состојба. Дали нашата борба не е истата?“, изјави Тодоровска.
Биљана Јордановска (текст, фотгорафија, монтажа)
Камера: Дехран Муратов