Добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2021 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија се: Томислав Кежаровски, Тошо Филиповски, Аделина Марку и Марјанчо Николовски
Државната награда за остварување во областа на публицистиката ја делат Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски, додека за остварување во областа на новинарството наградата ја делат Аделина Марку и Марјанчо Николовски.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември 2021 година (вторник) во 12 часот во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.