За мене ЦИВИЛ останува едно од ретките и примерни здруженија на граѓани кај кои може да се забележи впечатлива конзистентност и упорност во спроведувањето на мисијата за изградба на толерантно, слободно и прогресивно општество кое силата ја црпи во различностите.
ЦИВИЛ го заслужува своето име бидејќи го одликува цивилност во размената на аргументи, конструктивност но и храброст да се влезе во пожестока полемика со влијателни центри на политичка моќ, бранејќи ги вредностите и начелата за кои се залага, а кои се втемелени во нашиот Устав и повелбите на ЕУ и ООН.
Патувањето на ЦИВИЛ продолжува, и на тоа патување може да сметаат на моја безрезервна поддршка.
Честитки за годишнината на ЦИВИЛ.