• Latest

Трајанов ја напушти „новата политичка сила“, активности на АА-А во Липково, ВМРО-ДПМНЕ во Битола, СДСМ во Штип и Гевгелија

September 8, 2021
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Трајанов ја напушти „новата политичка сила“, активности на АА-А во Липково, ВМРО-ДПМНЕ во Битола, СДСМ во Штип и Гевгелија

September 8, 2021 15:41
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во денешното, празнично, прво издание на прегледот на изборните активности на политичките партии и независните кандидати на локалните избори се забележува намалена, поради одбележувањето на 30-те години независност на нашата држава. Сепак, имаме неколку информации за претставување на кандидати на СДСМ од синоќешните средби со граѓаните, претставување на кандидат на АА-А за Липково, трибина со изборен контекст на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, како и одлуката на Демократски сојуз (ДС) на локалните избори да оди во коалиција со СДСМ. Објавите на независните кандидати и листи од „Шанса за Центар“ и „Зелен хуман град“ на нивните Фејсбук профили се сведуваат на честитки по повод празникот.

ПРЕСВРТНИЦА ВО „НОВАТА ПОЛИТИЧКА СИЛА“, ДС СЕ ВРАЌА ВО КОАЛИЦИЈАТА СО СДСМ

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, на седницата одржана на 7 септември, врз основа на темелни анализи, сондажа на јавното мислење и изборните правила, како и програмските определби, донесе Одлука на претстојните локални избори да настапи заедно со СДСМ.

Павле Трајанов, ДС, ја напушти „новата политичка сила“ и коалицира со СДСМ (фото: МИА)

Ова е пресвртница во политичкото однесување на ДС, бидејќи Трајанов во април говореше дека неговата коалиција со ДОМ и ЛДП претставува „нова политичка сила“.

НЕЗАВИСНИ

Независните кандидати за градоначалници и советнички листи од „Шанса за Центар“ и „Зелен хуман град“ на нивните Фејсбук профили денеска немаат изборни активности, и објавуваат честитки по повод празникот 8 септемри.

ПРЕТСТАВУВАЊА

ВМРО-ДПМНЕ денеска (8 септември) на терасата во хотел „Епинал“ во Битола одржа трибина „30 години се грижиме за Македонија“, на која учествуваа поранешните министри Мартин Тренески и Маријан Ѓорчев, поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, поранешниот технички премиер Емил Димитриев и поранешниот градоначалник на Битола Златко Милошески, каде главна тема во обраќањата на присутните беа локалните избори и учеството во нив.

СДСМ на синоќешните средби (7 септември) со граѓаните претстави дел од своите кандидати. Министерот за здравство Венко Филипче во Штип го претстави актуелниот градоначалник Сашко Николов како кандидат на СДСМ за претстојните локални избори. Потпретседателот на партијата, Фатмир Битиќи, беше дел од промоцијата на кандидатот за градоначалник на општина Гевгелија, Сашко Поцков.

Алијансата за Албанците и Алтернатива синоќа (7 септември) го претставија својот кандидат за градоначалник на Липково, универзитетски професор по науки за национална безбедност, Арсим Идризи, кој пред граѓаните изјави дека ќе работи првенствено за безбедноста на граѓаните, за подобрување на социјалната благосостојба, сигурноста во образованието, економските инвестиции, здравството.

ДА ПОВТОРИМЕ

Во рамките на својот долгорочен изборен мониторинг, ЦИВИЛ и Редакцијата при медиумската платформа, редовно ги бележат настаните на различните учесници во изборната трка. Организацијата неодамна ги повика политичките партии и независните кандидати редовно да ја известуваат организацијата и нејзината медиумска платформа за своите активности. Дел од учесниците во изборната трка сè уште не одговорија на повикот.

Д. Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ