• Latest

Трамп денеска ќе го признае Ерусалим за главен град на Израел

December 6, 2017

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
Скриншот од видео на
Times News

Украина не треба да му дава ништо дополнително на „терористиот“ Путин- изјави Зеленски, додека Трамп вели дека Путин „ќе земе нешто“

October 20, 2025
Газа. Фото: Х

Примирјето во Газа го преживеа првиот голем тест, Израел и Хамас ја потврдуваат посветеноста на договорот

October 20, 2025
Фото: ДИК

ВМРО-ДПМНЕ во првиот имаат 32 градоначалници, СДСМ 3, ВЛЕН 5, а НАИ 4; Ѓорѓиевски и Мециновиќ во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје

October 20, 2025

Локални избори, прв круг: ЦИВИЛ со прелиминарна оценка

October 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп денеска ќе го признае Ерусалим за главен град на Израел

December 6, 2017 09:28
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе објави дека го признава Ерусалим за главен град на Израел, информираат високи претставници на американската Администрација, кои побарале да останат анонимни.

Трамп, исто така, ќе му нареди на Стејт департментот да подготви преместување на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

Тој нема да одреди распоред за преместувањето, кое најверојатно ќе одземе „неколку години“, тврдат анонимните извори од Администрацијата на САД.

Признавањето на Ерусалим за главен град на Израел ќе биде признавање на „историската и современа реалност“, а не политичка изјава, оцениле изворите. Тие додале дека речиси сите израелски владини институции и Кнесетот се во Ерусалим, а не во Тел Авив, каде државите кои имаат дипломатски односи со Израел имаат свои амбасади и дипломатски претставништва.

Како што јави претходно МИА, генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Геит во понеделникот предупреди дека признавањето на Ерусалим за главен град на Израел од страна на Администрацијата на Трамп ќе го поттикне фанатизмот и насилството и нема да биде во интерес на мировниот процес меѓу Израелците и Палестинците.

„Очајно е што некои настојуваат на реализирањето на тој чекор, без да се земат предвид опасностите кои тој ги претставува за стабилноста на Блискиот Исток и целиот свет“, изјави во Каиро Ахмед Абул Геит.

И Јордан го предупреди Трамп какви опасни последици може да предизвика таков чекор од негова страна.

„Таквата одлука ќе предизвика гнев меѓу Арапите и муслиманите, ќе ја зголеми затегнатоста и ќе ги упропасти напорите за постигнување мир“, напиша на Твитер јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади.

Генералниот секретар на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), Саеб Ерекат исто така предупреди дека американското признавање на Ерусалим како главен град на Израел, би претставувало промовирање на меѓународната анархија.

Тој нагласи дека „доколку американската Администрација одлучи да се спротивстави на своите меѓународни обврски и историската надворешна политика, така што ќе го признае Ерусалим како главен град на Израел, таа не само што ќе ја промовира меѓународната анархија и непочитувањето на светските институции и закони, туку и ќе се дисквалификува од секаква улога во која било иницијатива за постигнување на праведен и траен мир“.

„Таквата одлука ќе придонесе за дополнително дестабилизирање на регионот и ќе обесхрабри многумина од оние кои се уште веруваат дека мирното решение е можно со цел да се стави крај на повеќе од 50-годишната окупација, 70-годишното прогонство и децениското систематско кршење на палестинските национални и човекови права“, констатираше Ерекат.

Генералниот секретар на ПЛО истакна дека Ерусалим е „општествено, политичко, културно и економско срце на Палестина“.

„Ерусалим, исто така е и срце на милијарди верници од три монотеистички религии, вклучително и стотици милиони арапски христијани и муслимани. Тој е срце на арапскиот свет. Тој е важен симбол на нашата религија и неговата судбина е клучна за сите напори кои водат кон мирен и стабилен регион“, потенцираше Ерекат.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    174 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ