Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати сериозни предупредувања до Северна Кореја во обраќање пред јужнокорејскиот Парламент.
– Не не потценувајте. Немојте да сте се обиделе, изјави Трамп во директна порака до севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун и неговиот режим.
Трамп го предупреди Ким дека со производството на нуклеарно оружје и ракетни системи, неговата земја и режим не стануваат побезбедни.
Северна Кореја тврди дека развива нуклеарно оружје и ракети со кои би можела да ги лансира атомските бомби до соседните држави, па дури и до САД.
– Напротив, ти го доведуваш твојот режим во сериозна опасност. Секој чекор напред на овој пат ја зголемува опасноста со која сте соочени. Северна Кореја не е рајот што твојот дедо го замислуваше. Таа е пекол, и ниту еден човек не заслужува да живее таму, изјави Трамп.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.