Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг – Ун ќе биде заштитен доколку се согласи за денуклеаризација на неговата земја.
– Ќе добие заштита која ќе биде многу силна, рече Трамп.
Тој во исто време потврди дека плановите за самитот со Ким продолжуваат и покрај заканите на Северна Кореја дека ќе се откаже од средбата.
Според Трамп, Ким мора да покаже волја да се постигне договор.
– Можеби не сака да го направи тоа, додаде американскиот претседател.
Северна Кореја тврди дека нуклеарното оружје и е потребно за да ја зачува безбедноста и изрази загриженост поради откажувањето од својата нуклеарна програма. (МИА)