• Latest

Трамп казнет со 9.000 долари за нарушување на молкот околу судењето во Њујорк

April 30, 2024

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп казнет со 9.000 долари за нарушување на молкот околу судењето во Њујорк

April 30, 2024 20:01
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Судијата Хуан Мерчан пресуди денеска на судењето во Њујорк дека поранешниот претседател Доналд Трамп направил престап со тоа што како обвинет во овој процес го нарушил молкот.

Според наредбата, Трамп до крајот на оваа недела треба да плати 9.000 долари казна поради тоа што низ социјалните мрежи и на неговата кампањска страница именувал и критикувал сведоци. Судијата исто така се закани со затворска казна за него ако повторно го наруши правилото.

Останати моменти од денешното рочиште на судењето за исплатата изршена пред изборите во 2016 година на Сторми Дениелс, актерка на филмови за возрасни, за нераспространување компромитирачки информации од приватниот живот на поранешниот претседател се неколкуте сведочења на сведоци,пренесува МИА.

Денеска беа слушнати изјавите на повеќе сведоци вклучувајќи го и Гери Фаро, банкарот на поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен. Фаро даде детаљи за документацијата поврзана со исплатата на 130.000 долари на Дениелс, што е во центарот на овој судски процес.

Сведочеше и Роберт Браунинг, извршен дикректор на архивите на јавната медиумска куќа „Си-спан“ при што обвинителите прегледаа неколку видео снимки со Трамп како доказ.

Понатаму, сведочеше и Кит Дејвидсон, поранешен адвокат на Дениелс и Карен Мекдугал, поранешна манекенка која исто така е дел од процесот, за преговорите меѓу изданието „Нејшнл енквајерер“ и Коен за откуп и необјавување на сторијата на Мекдугал околу личната врска што таа ја имала со Трамп.

Tags: Донал Трамп
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ