• Latest

Трамп: Сакам да ги подобрам односите со Русија!

October 26, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп: Сакам да ги подобрам односите со Русија!

October 26, 2017 11:48
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за телевизијата Фокс изјави дека би сакал САД да имаат добри односи со Русија.

„Би било одлично кога би соработувале со Русија. Не гледам ништо лошо во соработка со Русија. И тие се нуклеарна сила. Мислам дека би можеле да имаме добри односи. Така полесно би ја решиле ситуацијата со Северна Кореја. Зборував со претседателот на Кина и му честитав на неговата голема победа. Би било прекрасно кога би можел да зборувам и со Кина и со Русија“, изјави Трамп, кој му честиташе на кинескиот претседател Си Џинпинг за неговото вклучување меѓу идеолозите на кинеската Комунистичка партија на последниот конгрес.

Трамп, кој се подготвува за својата прва турнеја по источна Азија, изјави дека работи на решавање на проблемот со Северна Кореја и дека добро соработува со Кина по ова прашање, додавајќи дека би сакал да ја има помошта и на Русија.

Според него, обвинувањата за негова поврзаност со руски бизнисмени или разузнавачки агенти се само обид на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да ја префрли вината за нејзиниот изборен пораз.

Трамп посочи дека информациите за поврзаност на клучни луѓе токму од кампањата на Клинтон, како браќата Џон и Тони Подеста, со руски провладини организации, како и вмешаноста на семејството Клинтон во продажбата на американски ураниумски рудници на руски компании, претставуваат многу посериозни индикатори за поврзаност со Русија.

„Јас од почетокот велев дека Русија им е изговор на демократите за изборниот пораз. А сега слушаме колку пари им биле дадени, кога ги гледаме сите овие работи за Подеста и нивните врски кои ги имаат со Русија“, изјави Трамп.

По победата на Трамп, Демократската партија интензивно го обвинуваше претседателот за неговите контакти со Русија, поради што беше именуван и специјален обвинител.

Истрагата на специјалниот обвинител Роберт Мулер укажа дека постојат руски врски меѓу Џон Подеста, шеф на изборниот штаб на Хилари Клинтон кој беше најавуван како иден државен секретар, доколку таа победи на изборите.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Доналд ТрампОдносиРусијаСАД
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result