• Latest

Транспаренси Интернешанл: Недоволна координација и интерес кај институциите за надминување на ризикот од корупција во просторното планирање, урбанизмот и градежништвото

August 9, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Транспаренси Интернешанл: Недоволна координација и интерес кај институциите за надминување на ризикот од корупција во просторното планирање, урбанизмот и градежништвото

August 9, 2022 11:17
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Изготвен е вториот квартален извештај за мониторинг на спроведување на препораките кои беа подготвени од Транспаренси Интернешанл Македонија за јавните институции за надминување на ризиците од корупција во овие области, пренесува МИА.

Од Транспаренси Интернешанл Македонија соопштија дека извештајот е изготвен во периодот од април до јуни во рамки на нивниот проект „Проценка на ранливоста од корупција во државните институции и локални власти за просторно планирање, урбанизам и градежништво”.

Истражувањето покажа дека интересот на институциите за исполнување на препораките е сѐ уште на ниско ниво, но дека постои зголемена активност на локалната и извршната власт со цел да се имплементираат препораките. Преку состаноци со претставници на локалната власт, ДКСК и Министерството за транспорт и врски беа констатирани почетни точки за надминување на ризиците од корупција во областите: Воспоставување комуникација и соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски, ДКСК, Транспаренси Интернешанл – Македонија, Агенцијата за просторно планирање преку директни состаноци, назначување на лица за комуникација и одговорни за прибирање на информации, вклучување на општините и обврска за следење на напредокот во исполнување на препораките, како и повеќе обуки за општините во однос на промените на законите, и извештаите активно да се користат во на антикоруциската проверка на легислативата (АПЛ) и редовно да се доставуваат до ресорните министерства и до Владата, информираат од Транспаренси Интернешанл – Македонија.

Посочуваат дека големите дискрециони овластувања на локалната власт, недостигот на добро формулирани законски одреби, судир на законските одредби како и различното толкување на законските норми од една страна, но и честото менување на законите од друга страна создава ризик од зголемување на корупцијата.

Во оваа насока потребна е зајакната соработка и координираност помеѓу Министерството за транспорт и врски, локалната власт, Заедницата на единиците на локалната самоуправа и Државната комисија за спречување на корупција за надминување на ризиците од корупција и усогласено изнаоѓање на решенија за спроведување на препораките. Транспаренси Интернешанл Македонија останува отворена за поддршка и соработка со институциите во насока на надминување на ризиците од корупција во овие области, стои во соопштението.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ