• Latest

Тренчевска: Минималната плата во март ќе биде над 20 илјади денари

January 11, 2023
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Минималната плата во март ќе биде над 20 илјади денари

January 11, 2023 11:43
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на Економско-социјалниот совет, во март ќе се разговара за минималната плата согласно податоците добиени од Државниот завод за статистика и се очекува таа да биде околу 20.200 денари, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во гостување на ТВ24.

Таа посочи дека методологијата за пресметка на минимална плата, донесена во март 2022 година, е системско решение кое предвидува постојан раст на минималната плата. Решение кое нема да зависи од политичка волја, истакна таа, туку се усогласува со порастот на трошоците за живот и порастот на просечната плата.

-Во март секоја година, согласно оваа методологија, ќе се усогласува минималната плата. Очекуваме минималната плата да биде околу 20.200 денари. Тоа е околу 12-13 отсто или за околу 2.000 денари повисока плата од 2022 година. А ако земаме наназад, кога минималната плата беше 9.000 денари, и тоа не во сите сектори, некои сектори исплаќаа и по 8.000 денари, сега во март ќе имаме плата над 20.000 денари, што е и повеќе од двојно. За 12.000  денари повисока минимална плата, рече Тренчевска.

Таа истакна дека Владата е насочена кон системски решенија, а не популистички мерки.

-Во март со покачувањето на минималната плата, сите вработени во државната администрација,  кои земаат плата согласно Законот за административни службеници, ќе земат плата поголема за онолку проценти колку што е разликата односно процентот на пораст на трошоци за живот и порастот на просечната плата, рече Тренчевска.

Ккао што информира МТСП, министерката зборуваше и за нацрт-законот за системот на плати во јавен сектор, кое МИОА го постави на ЕНЕР, а со тоа можност за коментари и забелешки. Таа потенцираше дека се работи за драфт верзија за која ќе се  консултираат сите засегнати страни, институциите, синдикатите и други. Таа зборуваше  за неунифицираниот систем на плати во јавен сектор, како на пример, лице кое работи во јавно претпријатие или агенција да зема плата повисока од судија на врховен суд или претседател на држава.

Министерката посочи дека законот воведува систем кој значи постојан раст на платите во јавниот сектор, како што е воспоставениот систем на минимална плата и пензии.

Во однос на поддршката за граѓаните во време на економска и енергетска криза, министерката се осврна на антикризните мерки кои во моментов се активни, а ги опфаќаат најранливите категории на граѓани, кои од декември до март ќе се исплаќаат секој месец. Таа потсети дека секој јануари согласно Законот за социјална заштита и Законот за детска заштита, се усогласуваат  правата од социјална и детска заштита со трошоците за живот и дека со исплатата на правата за јануари, правата ќе бидат повисоки за 14.2 проценти. 

Tags: платиТренчевска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ