• Latest

Тренчевска: На вработените кои штрајкуваат ќе им бидат исплатени само придонеси

April 20, 2022

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Тренчевска: На вработените кои штрајкуваат ќе им бидат исплатени само придонеси

April 20, 2022 11:47
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„На вработените во образованието и детските градинки кои штрајкуваат државата ќе им исплати само придонеси“, порача министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Таа нагласи дека тоа не значи притисок кон нив да го прекинат штрајкот, туку само почитување на законите и Колективниот договор.

„Не се работи за притисок, ниту за  каква било уцена, туку за почитување на законите и Колективниот договор. Во Колективниот договор за детска заштита за градинките кои се во надлежност на МТСП, убаво е дефинирано што треба да се прави во случај на штрајк и што е должен да направи работодавачот. Истото е дефинирано и во Законот за работни односи каде се вели дека во услови на штрајк работодавачот е должен да исплати придонеси на сите оние работници кои штрајкуваат на најниската основица за исплата на придонесите. Следниот член – 241 дава можност СОНК да обезбеди исплата на нето плата за сите оние работници кои штрајкуваат. Затоа сметам дека се работи само за почитување на законите, а не за какви било притисоци или уцени од страна на МТСП врз вработените во градинките кои штрајкуваат“, рече Тренчевска.

Таа нагласува дека доколку таа како министер не постапи согласно со тоа што е предвидено во законите, може да сноси и кривична одговорност.

„Јас како министер мора да го почитувам Законот и мора да го почитувам Колективниот договор. Се друго што ќе биде направено надвор од ЗРО и она што е мое законско овластување ќе биде злоупотреба на службена положба, а со оглед на тоа што е врзано со фискални импликации ќе значи кривична одговорност. Не сакам да се впуштам во нешто што ќе значи кривична одговорност поврзана со моето работење, ниту прекршување на законската регулатива“, нагласи министерката во одговор на новинарско прашање по посетата на градинката „Орце Николов“ во Општина Карпош.

Според неа, Владата во текот на дијалогот го понудила решението кое е најсоодветно во однос на буџетот со кој располага државата. Со друго зголемување, нагласи таа, може да се предизвикаат несакани инфлаторни проблеми во државата. Затоа, рече, е побарано и ресорните министерства за труд и социјална политика, за образование и наука, и за финансии, со ребаланост да обезбедат средства за покачување од 10 проценти на платите за вработените во образованието и детската заштита.

Побара СОНК да ја преиспита одлуката и неговите претставници и членството да седнат да разговараат за конкретниот предлог, и да го прифатат, со цел, како што рече, штрајкот да прекине и учениците да се вратат во училиштата и во градинките.

Таа нагласи дека за натамошно зголемување на платите е отворен и нов процес за подготовка за нов општ колективен договор во јавниот сектор во кој ќе се вклучува нова методологија која ќе овозможи постојан раст на платите во овој сектор, преку опција на годишно ниво да се усогласуваат со пораст на трошоци на живот и раст на просечната плата.

Според министерката Тренчевска, во 29 градинки во земјава вработените не штрајкуваат и таму нормално се одвива процесот на згрижување на децата. Во останатите, рече, се прифаќаат сите деца иако има делови од објектите кои се затворени.

Самостојниот синдикат на образованието, науката и културата (СОНК) вчера рече дека очекува да ги добие заклучоците на Владата во врска со генералниот штрајк на вработените во градинките, основните и средните училишта и најави дека ќе ги разгледа и ќе се произнесе по нив. Дотогаш, посочија од СОНК, штрајкот на вработените во образованието и градинките продолжува.
Штрајкот на вработените во образованието и во градинките почна на 11 април./МИА/
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ