• Latest

Тренчевска: Она што за лицата со попреченост пред 2019 година не беше замисливо, денес е реалност

February 2, 2024

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Она што за лицата со попреченост пред 2019 година не беше замисливо, денес е реалност

February 2, 2024 15:40
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ги посети малите групни домови на „Порака – Неготино“ во Волково, Општина Ѓорче Петров. Процесот на живеење со поддршка (деинституционализација) започна со воведувањето на социјалната реформа во 2019 година. Со таа одлука лицата со попреченост ги напуштија големите и гломазни институции за да живеат во мали групни домови со што им се овозможи полесна интеграција во општеството, информираат од МТСП.

Во текот 2023 година отворени се четири нови станбени единици за живеење соподдршка во Скопје во рамки на Јавната установа „Завод за рехабилитација на деца и млади“ – Скопје, во кои се сместени вкупно 20 лица со попреченост, за што се одобрени финансиски средства, вклучувајќи и средства за вработување на 10 негувателки кои ја обезбедуваат услугата живеење со поддршка за лица со попреченост. Со ова бројката на станбени задници се искачи на вкупно 57 во кој живеат 300 лица со попреченост.

-Она што за лицата со попреченост пред 2019 година не можеше да се замисли како начин на живот, денес е реалност. Корисниците кои живеат во малите групни домови раководени од  „Порака – Неготино“ во партнерство со Министерството за труд и социјална политика одлично се движат по патот на општествена интеграција и независен живот. Дел од корисниците се вклучени на пазарот на трудот, дел од нив се грижат за останатите корисници кои имаат потреба од нега. Во рамки на малите групни домови се применува и окупациона терапија односно преку работни обврски за градината во домот и животните кои се дел од малата фарма на „Порака – Неготино“ корисниците работат на своите усовршување на грубата моторика, рече Тренчевска.

Општествената инклузија е една од предностите на живеењето на лицата со попреченост во малите групни домови. Воедно ваквиот начин на функционирање го олеснува и градењето на меѓучовечки односи на корисниците. Лицата кои се дел од „Порака – Неготино“ беа вклучени и во снимање на документарен филм кој ги прикажува придобивките на деинституционализацијата и истиот беше премиерно емитуван во 2022 година.

Tags: МТСПТренчевска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ