• Latest
Фото: Влада.мк

Тренчевска: Преку размена на искуства до унапредување на политиките за родова еднаквост

May 3, 2023

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Преку размена на искуства до унапредување на политиките за родова еднаквост

May 3, 2023 17:47
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Фото: Влада.мк

Фото: Влада.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со државната секретарката на Секретаријатот за Европски прашања, Дрита Абдиу Халили и шефицата на канцеларијата на UN Woman во Република Северна Македонија, Весна Ивановиќ Кастaред беше на работен ручек со министерката за родова еднаквост и работен век на Шведска, Паулина Брандберг. Целта на средбата беше размена на искуства кои можат да ги унапредат политиките во однос на родовата еднаквост како и размена на искуства од успешно  имплементираните политики во двете држави.

Тренчевска за време на средбата истакна дека родовата еднаквост е приоритет на Владата на Република Северна Македонија и дека за тоа е доказ низата на донесени родово сензитивни политики. Како следна цел на Министерството за труд и социјална политика е донесувањето на Законот за родова еднаквост со кој се осигураат еднаквите можности и еднаквиот пристап до ресурсите на мажите и жените во Република Северна Македонија.

Во однос на синхорнизација на приватниот и професионалниот живот на жените Тренчевска го истакна новиот Закон за работни односи кој предвидува родителско отсуство и воведување на новите институти мајчинско отсуство и татковско отсуство. Таа посочи дека овој закон е целосно усогласен со европските регулативи.

За време на средбата и министерката Паулина Брандберг ги објасни своите приоритети во  работата. Таа истакна дека непријавеното насилство е број еден приоритет но, дека на тој предизвик може да се одговори само ако се опфатат сите видови на насилство. Министерката посочи дека особено е важно да се работи на дигиталното насилство како дел од актите на насилство кои го одбележуваат поновото време како и креирањето на соодветен одговор кој ќе овозможи заштита на голем број млади девојки.

Двете министерки се согласија дека родово – базираното насилство се искоренува преку економско зајакнување на жените и преку активација на пазарот на труд. Двете земји имаат соодветни предизвици во оваа област, но посветеноста и приоритетот кој е даден на ова прашање е гаранција за успешно спроведување на планираните проекти и активности.

Tags: родова еднаквостТренчевска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ